Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

ОН: Хуманитарната криза во Газа може да биде најлошата од почетокот на војната

Сподели

Газа, 23 април 2025 (МИА) – Појасот Газа „веројатно се соочува со најлошата хуманитарна криза“ откако почна војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас пред повеќе од година и пол, според Обединетите нации.

Помошта за цивилното население е отежната од новите израелски воени напади, блокадата на испораките на хуманитарна помош која трае повеќе од 50 дена, смртоносните напади врз волонтери и масовните ограничувања на движењето во крајбрежниот појас, се вели во извештајот објавен денеска од Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА).

Речиси сите 43 меѓународни и палестински хуманитарни организации во анкета наведоа дека „морале да ги суспендираат или драстично да ги намалат услугите“ од обновувањето на израелските напади на 18 март.

- Advertisement -

Бројот на жители на Газа кои повторно биле раселени оттогаш последно беше проценет од ОН на околу половина милион.

Хуманитарната организација Оксфам соопшти дека речиси и да нема чиста вода за пиење, бидејќи објектите биле бомбардирани или престанале да работат откако биле прекинати последните функционални далноводи кои се користеле за работа на санитарните објекти. Во меѓувреме, храната е оскудна, а цените премногу се зголемиле.

Израел го обвинува Хамас дека насилно присвојува резерви за помош и ги продава на цивилното население по надуени цени, пренесе ДПА.

Според Оксфам, генераторите за струја за итни случаи ретко работат поради исцрпени резерви на гориво.

Во меѓувреме, во израелската влада продолжува дебатата за тоа дали да се интензивираат нападите врз Газа или да се чекаат резултатите од индиректните мировни преговори со Хамас.

На синоќешниот состанок на безбедносниот кабинет на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, крајнодесничарскиот министер за финансии Безалел Смотрич и други министри повикаа на голема копнена офанзива за целосно уништување на Хамас, јавија израелските медиуми.

Меѓутоа, телевизијата Кан, цитирајќи висок владин претставник, јави дека Израел сака да им даде уште една шанса на индиректните преговори со Хамас за ново примирје.

Последната фаза на примирје заврши пред еден месец. Потоа израелските вооружени сили ги продолжија нападите во Појасот Газа.

Израел вели дека 24 заложници сè уште се држат во Газа, како и телата на 35 лица киднапирани од терористите на Хамас за време на нападот на 7 октомври 2023 година. Околу 1.200 луѓе беа убиени во израелските заедници, а повеќе од 250 Израелци беа земени како заложници.

Според здравствените власти на Појасот Газа, кои се под контрола на Хамас, оттогаш се убиени повеќе од 51.200 луѓе. Во бројките не се прави разлика меѓу цивилни и воени жртви.

Од Јасмина Тасевска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Поважни линкови
Поважни линкови од државни и јавни институции.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Црна Гора во жалост: Загина армиски водник при гаснење пожар – интервенција од меѓународни сили

Ким Џонг Ун на пат кон Кина: Посета со специјален воз

„Вијести“: Владата на Црна Гора подготви обврзници за задолжување до 900 милиони евра

Зеленски скептичен за преговори со Русија

Трамп: Не сметам дека апсењето на Путин е неопходно

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Боливија: Подготовките за Претседателска транзиција во полн тек

Бројот на диви животни за 50 години се намалил за 73 отсто

Балкан

Балканот во 2024 година

Балкан

Пицула: Падот на српската Влада е резултат на внатрешен притисок, а не од странство

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?