Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Локално

Отворени „Деновите на кочанскиот ориз 2024“, Марија Стаменкова избрана за жетварска убавица

28.09.2024 21:50
ФОТО:МакедонијаДенес
Сподели

Кочани, 28 септември 2024 (МИА) – Со изборот и прогласувањето на жетварската убавица за 2024 година, синоќа беа отворени 33. „Денови на кочанскиот ориз“. Марија Стаменкова од Кочани ги освои гласовите на жирито на изборот што синоќа, пред многубројната публика, се одржа во Паркот на револуцијата во Кочани.

Прва придружничка на жетварската убавица е Мартина Костадинова, а втора – Ивона Ефтимова. Признанијата на девојките им ги додели градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, а тие ќе учествуваат во претставувањето на обичајот зажнејување на ориз.

Отворањето на 33. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ продолжи со настапот на гитаристот Ненад Вржалски, а публиката уживаше на концертот на македонската поп-дива Каролина Гочева и во настапот на диџеј Ацко.

Банер Банер BrandEcho
      Ненад Вржалски

Претходно, на Споменикот на слободата, градоначалникот Папазов приреди прием за делегациите од Унгарија, Бугарија, Србија, Црна Гора и од домашните фолкорни ансамбли кои учествуваат на манифестацијата.

Во рамки на програмските содржини, за вечер е најавен голем меѓународен фолклорен концерт и поп-рок настап на Malinov Special Selection. За утре во 10:30 часот е планирано традиционалното заажнејување што ќе се одржи на земјоделските површини во атарот на селото Оризари. Потоа ќе следува културно-забавна програма во која ќе учествуваат ансамблот за изворна музика „Мелем“, оркестарот за народни инструменти при музичкото училиште „Ристо Јуруков“ од Кочани и фолк-пејачот Дамјан Стојаноски.

Ad image

Од Тони Ајтовски/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
ТВ Архива
Приказ на над 200 архивски видеа од Македонија.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Битолската публика беше новиот 12 играч на стадионот „Петар Милошевски“

Минатата недела санкционирани 63 непрописно паркирани возила во Центар

Отворен Центар за ментално здравје и психосоцијална поддршка во Кочани

Првиот солистички концерт на виолинистката Емилија Николовска- симбол на почетокот на академското поглавје

Заврши санацијата на регионалниот пат кон Пехчево

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Герасимовски: Секоја недела килограм овошје од прва класа за сите деца запишани во градинка

Локално

Францускиот амбасадор во посета на Општина Велес

Локално

Делови од Карпош и Ѓорче Петров денеска без струја

Локално

Карпош: Општината приморана сама да се погрижи за спортска сала „Партизан“

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?