Делови од Карпош и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје информира дека денеска делови од општините Карпош и Ѓорче Петров ќе останат без напојување со електрична енергија.

Според најавите од ЕВН Македонија, прекинот ќе трае од 9:00 до 14:00 часот.

  • Во општина Ѓорче Петров, без струја ќе бидат корисниците на улицата пред последната автобуска станица на линија 22 во населбата Волково.
  • Во општина Карпош, без електрична енергија ќе останат корисниците на ул. „Будимпештанска“ околу број 25.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава