Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Спорт

Отворени Олимписките игри во Париз

Сподели

Париз, 26 јули 2024 (МИА) –  Олимписките игри во Париз беа официјално отворени со спектакуларно отворање што се одржа на брегот на Сена во петокот.

Самите игри ги отвори францускиот претседател Емануел Макрон, откако на собирот се обратија претседателот на Организацискиот одбор на игрите, Тони Естанге и претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах.

За прв пат отворањето на Игрите се случи во самиот град, а не на стадион, па за обезбедување на учесниците и гледачите, кои се собраа речиси 300.000, беа ангажирани 45.000 полицајци и илјадници војници.

- Advertisement -

А голем број гледачи можеа да уживаат во фантастично шоу кое не можеше да го расипе ниту силниот дожд кој ги „однесе“ и изведувачите и спортистите на свечената парада што се одржа на чамците на Сена.

На самиот почеток на отворањето, публиката ја крена на нозе мегапопуларната американска пејачка и танчерка Лејди Гага, која изведе два француски евергрини, симболичната песна од мјузиклот „Mon truc en plumes“ и песната на Едит Пјаф „ La vie en rose“.

Реставрацијата на катедралата Нотр Дам, која беше тешко оштетена во пожар во 2019 година, исто така одигра улога во церемонијата на отворањето. Париските занаетчии и градежници се претставени како танцуваат за да го создадат срцето потребно за реставрација на една вековна зграда во центарот на француската престолнина, а не бил заборавен и најпознатиот ѕвонар на црквата Нотр Дам, подгрбавениот Квазимодо од романот на Виктор Иго, кој ги надгледува работите од покривот на катедралата.

Една од најзапаметените точки на целото отворање беше настапот на глобално популарниот француски метал бенд Гоџира, кој во соработка со француско-швајцарската оперска пејачка Марина Виоти ја изведоа револуционерната песна „Аh! Ca ira“ додека се изведуваше Француската револуција на брегот на Сена.

Слоганот на Француската револуција беше „Слобода-еднаквост-братство“, па по настапот на Гоџира и Марина Виоти, кои ја претставуваа слободата, на ред дојде еднаквоста претставена со настапот на најслушаната франкофонска пејачка Аја Накамура, која облечена во златен комбинезон изведе микс од двата нејзини најголеми хита хитовите „Pookie“ и „Djadja“ и евергринот „For me Formidable“ на Шарл Азнавур, додека братството го претставуваше музејот Лувр.

За жал, силниот дожд го расипа настапот на еден од најистакнатите оперски пејачи од новата генерација, контратенорот и брејкденсер Јакуб Јозеф Орлински, кој ја изведе аријата „Дојди Химеро“ од операта на Жан-Филип Рамо.

Французите во целата изведба не ги заборавија своите клишеа како танчери од Канкан, кроасани, но не ги заборавија и своите големи писатели како Виктор Иго и Жил Верн и нивните безвременски дела како „Мезерите“, „Патување во Месечината“, „20.000 милји под морето“, како и големите пронаоѓачи како Монголфие, браќата Лумиер… За време на изведбата на француската химна од покривот на Гранд Пале, некои од големите жени од француската историја беа почестени.

Завршниот дел од свеченото отворање пред официјалниот дел го одбележаа модна ревија и модерна музика.

Пристигнувањето на местото на олимпиското знаме, кое на коњ го донесе припадник на француската жандармерија под Ајфеловата кула, беше феноменално. На ова му претходеше 10-минутна сцена во која знамето на сребрен механички коњ на специјално направена платформа помина 6.500 метри по Сена за да го рашири олимпискиот дух низ градот.

На Игрите учествуваат 10.714 спортисти, во 32 спорта, од 206 земји и територии, плус група спортисти кои ќе се натпреваруваат под знамето на МОК, како и тим на бегалци.

Поради војната во Украина, Русија и Белорусија не учествуваат во екипните спортови.

Париз е домаќин по трет пат во историјата, по 1900 и 1924 година, со што како лидер му се придружи на Лондон, кој исто така трипати ги организирал Игрите, во 1908, 1948 и 2012 година.

Организацијата на Игрите ќе чини околу девет милијарди евра.

Од Спорт МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Јавни набавки
Приказ на реализирани и планирани јавни набавки.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Каде ќе заврши 16-годишниот фудбалски талент од Мексико?

Сребрени медали во кати за Аљоша и Јадранка Недеви на ИТКФ купот во Полска

Саудиска Арабија нуди 300 милиони евра за Хари Кејн: Дали ќе ја прифати понудата?

Барселона ќе заработи 8 милиони евра од пријателски натпревар во Перу

Тоти открива нови детали за неверството: „Пораките во телефонот на Илари се мои“

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

АвтомобилизамОстанати спортови

Во Саудиска Арабија претставен проект за нова патека во Формула 1

Фудбал

ФФМ: Истражување за јавна перцепција 2025 – висока доверба, стабилно раководство и јасна поддршка од јавноста

Леклер: Ферари направи мал чекор напред, иако во Унгарија е тешко да се видат слабостите на нашиот болид

Фудбал

Македонија до 19 години втор пат ја победи Босна и Херцеговина

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?