Организацијата JATO Dynamics ги објави податоците за продажбата на нови автомобили за вториот месец годинава. Во февруари во 28 земји во Европа се продадени 988.116 нови автомобили што претставува пораст како во споредба со јануари годинава така и во споредба со февруари минатата година.
Изненадувачки, најпродаван автомобил во февруари бил Dacia Sandero со продадени 20.797 возила што претставува пораст од 13%. На втората позиција следи Tesla Model Y со продадени 19.760 примероци додека на третата позиција е Volkswagen Golf со продадени 19.490 примероци.
Во однос на брендовите, иако со пад од 1% и натаму најпродаван е Volkswagen кој во февруари успеа да продаде 95.511 возила. Следи јапонска Toyota со 69.521 возило како и Peugeot на третата позиција со продадени 57.987 возила.
Во продолжение се прикажани најпродаваните автомобили и авто брендови за февруари 2024 година.
Најпродавани автомобили:
- Dacia Sandero, 20.797 (+13%)
- Tesla Model Y, 19.760 (+7%)
- Volkswagen Golf (19.490, +45%)
- Peugeot 208, 18.476 (+14%)
- Citroen C3, 17.787 (+61%)
- Škoda Octavia, 16.587 (+35%)
- Toyota Yaris Cross, 15.760 (+7%)
- Renault Clio, 15.002 (+26%)
- Volkswagen T-Roc, 13.975 (-11%)
- Peugeot 2008, 13.900 (+17%)
Најпродавани брендови:
- Volkswagen, 95.511 (-1%)
- Toyota, 69.521 (+12%)
- Peugeot, 57.987 (+8%)
- Škoda, 57.638 (+14%)
- BMW, 54.501 (+23%)
- Renault, 49.348 (+6%)
- Mercedes, 48.708 (+1%)
- Dacia, 46.111 (+3%)
- Audi, 45.664 (-7%)
- Hyundai, 39.738 (+6%)