Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Религија

Пасхално послание на Н. Г. Б. Архиепископ Стефан

10.04.2026 19:26
ФОТО: Бигорски Манастир
Сподели

† СТЕФАН,
ПО МИЛОСТА БОЖЈА,
АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,
ЗАЕДНО СО
СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД,
ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА,
ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА
ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ,
ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,
ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ –

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

„Денес секое создание се весели и се радува,
зашто Христос воскресна“.[1]

Банер Банер BrandEcho

Возљубени празникољупци,

Еве, и оваа година милостивиот Бог нè удостои да го дочекаме Празникот над празниците – Велигден! Исполнети со веселие, коешто извира од серадосниот восклик „Христос воскресе!“, ја исповедаме целата суштина и смислата на нашата вера, која, како што вели апостолот, ќе беше празна ако Христос не воскреснеше.[2] По тагата од Неговите страдања на Голгота, еве, ја примаме спасителната благодат од Неговото воскресение и од љубовта со којашто нè исполнува Неговата порака: Радувајте се![3]

Ad image

Оваа победа на Животот над смртта, овој разгорен оган кој го проголта гревот и оваа светлина која темнината на адот не може да ја опфати, не ни се дарувани само нам, кои сме крстени во името на воскреснатиот Господ – Koj e коренот на нашата вера, туку за целото човештво и за сиот свет.[4] Во оваа свештена велигденска радост, ние христијаните имаме голема одговорност бидејќи сме должни да ја сведочиме победоносната вест за Воскресението, за и другитe да ја чујат, видат и познаат, па да поверуваат и да влезат во радоста на Христа воскреснатиот. Па така и тие, заедно со нас и со сите созданија, да ги прослават радоста и правдата на Царството Божјо, кое, во воскреснатиот Спасител, не ќе има крај.

Возљубени чеда во Христа воскреснатиот,

Одново и одново се поздравуваме, воскликнувајќи: Христос воскресна! – Навистина воскресна! Ова е поздрав на животот кој Бог ни го подари, не само преку тајната на Неговото воскресение и преку победата над гревот и смртта, туку и преку радоста на овој настан, којашто ни ја дарува со неизмерливото смирение, со примерот на Своето снисходење, простување и пожртвуваност за секој човек и за секое создание. Со Неговото доброволно вкусување на смртта, пак, ни ја покажа Неговата неизмерна љубов, со која чинот на скончанието во овој свет стана врата низ која сите минуваме, за да преминеме и да влеземе во бесконечната радост на воскресението и животот во идниот век.

Возљубени во Господа,

Дојдете и видете[5] ја оваа живоносна велигденска радост во Христа Богочовекот, Кој доаѓа и ни се дава во Неговото славно и победоносно присуство. Тој доаѓа и ни се дарува во светите тајни и во молитвите, за и ние, растејќи во Него, да достигнеме воскресенска вера, та, пазејќи ги Неговите заповеди, да се удостоиме да влеземе во Неговата радост. Живеејќи таков живот, пак, можеме да го посведочиме она коешто повеќе од два милениума се потврдува: дека Христос е жив и дека и ние сме живи во Него. Затоа, Велигден е серадосно сретение со Оној во Кого нашето срце се успокојува.

Возљубени црквољупци и родољупци,

Нашиот богољубив народ отсекогаш живеел со воскресенската надеж. Маките и неправдите од овој свет секогаш ги поднесувал утешувајќи се со споменот за Велигден, а во победата Христова ја гледал Божјата правда на Царството небесно, кое ќе дојде во слава. Како христоносен народ, по сета македонска земја, секогаш сме ја љубеле воскресенската убава вера, која го прославува Велигден не само еднаш годишно, туку постојано – секоја недела. Повикот на псалмопејачот: Ова е денот што го создаде Господ; да се зарадуваме и да се развеселиме во него,[6] бил повик и за нашиот верен народ да се црквува и, во секојнеделното Воскресение, да празнува, примајќи Го Христа и поучувајќи се да живее богољубиво и човекољубиво.

И не само оние наши црквољубиви и родољубиви предци, за коишто имаме жив спомен од фреските, иконите и житијата, туку и оние за коишто дознаваме од песните и преданијата на нашиот македонски народ, ни се доказ дека нашите претходници од воскресенската вера не се откажувале ни по цена на страдања, бидејќи биле утврдени во вистината за Воскресението Христово. Нивниот крстоносен начин на живеење, исполнет со воскресенска радост во живиот Бог – нам, на нивното потомство – ни остана светол пример како се исповеда и како се брани темелот на православната вера – Христовото воскресение.

Возљубени чеда на Македонската Црква,

Ова лето Господово, во кое повторно преку благодатта Божја ни е даден вечноживиот дар за прославување на Велигден, ќе одбележиме и годишнини од нашето минато, кои, како во Татковината, така и насекаде до каде што нè има како народ, ќе ни овозможат повторно да го оживееме споменот за тие светли настани од нашата црковна и национална историја. Така, во оваа година се навршуваат 1140 години од враќањето во Македонија на светите Климент и Наум од Моравската мисија, со што се организирал црковно-литургискиот живот на Охридската Црква и се поставиле темелите на Охридската книжевна школа. Годинава се навршуваат и 1110 години од блаженото упокојување на свети Климент Охридски, патронот на нашата Света Црква, кој, во радоста на вечниот живот, е наш постојан молитвеник и закрилник. Се навршуваат и 150 години од Разловечкото востание, како и 80 години од донесувањето на првиот Устав на НР Македонија, со кој се потврди возобновената македонска државност. Еве, овие незаборавни настани, врежани во нашата црковно-национална самосвест, нека ни бидат поттик за да го чуваме споменот за нашите достојни претшественици, кои се вградиле во основата и во обновата на нашата Татковина Македонија и на нашата Македонска Црква. Но тие нека ни бидат и порака да ги сочуваме придобивките коишто ни ги оставиле, а потоа и да ги надградуваме, давајќи нови плодови.

Светлината на Христа воскреснатиот нека нè просвети, та, со нашата вера и со богоугодни дела, да го озариме светот со велигденска радост, па во братољубие, оттука, па до сите краишта на светот, до каде што нè има како народ и како Црква, да објавиме на нашиот мајчин македонски јазик:

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

† СТЕФАН,
АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

заедно со членовите на Светиот архијерејски синод
на Македонската Православна Црква
– Охридска Архиепископија

† ПЕТАР, Митрополит Преспанско-пелагониски
† НАУМ, Митрополит Струмички
† АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски
† ЈОВАН, Митрополит Крушевско-демирхисарски
† МЕТОДИЈ, Митрополит Американско-канадски
† ПИМЕН, Митрополит Европски
† ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички
† ЈОСИФ, Митрополит Тетовско-гостиварски
† ГРИГОРИЈ, Митрополит Кумановско-осоговски
† ГЕОРГИЈ, Митрополит Дебарско-кичевски
† НИКОЛА, Митрополит Австралиско-новозеландски
† ЈОАКИМ, Епископ Дељадровско-илинденски
† МАРКО, Епископ Делчевско-каменички

Велигден, 2026.

Извор: Бигорски Манастир, bigorski.org.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Поважни линкови
Поважни линкови од државни и јавни институции.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Распоред на богослужбите за Страсната седмица и Воскресението Христово – Света Пасха

Папата Лео XIV: Војната повторно на повидок, а мирот е заборавен

Прочка – празник за проштавање и очистување од гревовите

Папата повикува на интегритет во новинарството: Не дозволувајте да ве манипулираат заради кликови

Божикна порака од архиепископот Стефан: Живееме во свет во кој има неправди и беззаконие, да не дозволиме тоа да ни стане прифатливо

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Религија

Кога историјата станува благодарност

Религија

Епископ Марко богослужеше во делчевското село Габрово за празникот Прочка

РелигијаСвет

Папата Франциск упати молитви за погодените од поплавите во Казахстан

Религија

Петровден и Павловден: Денови на вера, обичаи и жетварска надеж

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?