Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Интервју

Петар Котевски: Време е Битола да добие радикална транспарентност

Сподели

Интервју со Петар Котевски, носител на независна листа за советот во Општина Битола.

  1. На претстојните избори ќе бидете носител на независна листа за Општина Битола – што Ве мотивираше да се кандитирате?

ПК: Во државава има тотално отсуство на владеењето на законите, и тоа се манифестира на сите нивоа на власт, локално и државно. Естаблишментските партии не се обидуваат да воведат владеење на законите, затоа што им одговара да ги прекршуваат кога од тоа имаат бенефит, и да ги обвинуваат нивните политички противници за кршење на законите кога им треба скандализација и политичко препукување.

Апсолутната манифестација на отсуството на владеење на законите е нелегалната окупација на протекторатот „Северна“ врз нашата држава Македонија, и идентитетскиот инжинеринг што се прави врз македонскиот народ, кој единствено не смее да се идентификува онака како што отсекогаш се идентификувал во Македонија.

- Advertisement -

Затоа се кандидирам, како претставник на последната автентичка патриотска опција во Македонија, Движење Бојкотирам, за да можам од позиција на советник (со пристапот што таа функција го има во работењето на државата и општината) да ги разоткријам начините на кои се злоупотребуваат и волјата и парите на граѓаните за да можат разноразни безделничари да глумат политичари.

 

  1. Има и пофалби и критики за владеењето на актуелниот Градоначалник. Што е сепак она што најмногу му замерувате?

ПК: Немам намера политички да се препукувам ниту со Градоначалникот, ниту со некоја посебна партија. Се кандидирам за да обезбедам РАДИКАЛНА ТРАНСПАРЕНТНОСТ во финансиската и законската работа на Општината и на сите нејзини оддели (вклучувајќи го Градоначалникот).

Ќе обезбедам директен увид во секој денар што го напушта општинскиот буџет, секој склучен договор со приватни фирми, целокупната работа и трошоци на јавните претпријатија, како и ангажманот на секој поединечен советник и член на тимот на Градоначалникот.

Ако си ја вршат работата, тогаш нема зошто да се плашат од радикална транспарентност. Ако не си ја вршат, тогаш мислам дека е корисно што побрзо тоа да го дознаат граѓаните.

Политичка проценка на ничија работа не ме интересира. Мораме да го вратиме владеењето на законите и процесите и процедурите, а тоа мора да почне од локалната власт.

 

  1. Што е она што сметате дека треба најитно да се направи за Општина Битола?

ПК: Сметам дека треба во набрз можен рок да се обезбеди лесно разбирлив и онлајн достапен преглед на целокупната работа на општината од страна на граѓаните, и тоа е нешто на што ќе почнам веднаш да работам како советник, без да ми треба консензус, одлука на совет или одлука на градоначалник. По сила на мојата позиција како советник, ќе побарам директен пристап до целокупната финансиска и административна документација на Општината и ќе ја форматирам на начин на кој таа лесно ќе биде пребарлива на интернет. Сето тоа ќе го поставам на веб за секој да може да види „кај одат парите“, и колкава ефикасност има секој оддел во Општината.

Истото ќе го направам и со јавните претпријатија во кои Општината има удел, и со ангажманот на секој советник поединечно.

Политичките препукувања се единствениот начин на водење политика моментално, и за тие да се делотворни, треба граѓанството да нема доволно пристап до фактичката состојба во општината, за да мора да одлучи дали ќе верува на едната или на другата страна. Мојата намера е да обезбедам доволно информации на просечниот граѓанин за да ги разоткријам манипулациите на обете страни во политичките дневно политички препукувања.

Доста се занимаваме со глупости, време е суштински да ја разбереме демократијата.

 

  1. За жал и Битола како и сите општини во Македонија се соочува со иселувањето. Младите пак, заминуваат со билет за еден правец. Што е она што е неопходно и што може да се направи со цел задржување на младите?

ПК: Заминувањето на младите е само уште еден симптом на отсуството на владеењето на законите, као и се друго. Цврсто сум уверен дека со обезбедување доволно информации на граѓанството за работата на општината ќе се зголеми притисокот кон сите поединечни чинители во Општината да работат во рамките на законите.

Како резултат на тоа, сите проблеми или ќе се намалат или ќе исчезнат.

Така се поправа една држава, а не со кукање за некој специфичен симптом од непочитувањето на законите.

 

  1. Битола изобилува со природни и културни богаства. Оттука и потенцијалот за привлекување на туристи. Но дали може Битола да понуда квалитетна туристичка понуда?

ПК: Битола е обичен град, без некаква посебност што специфично би привлекла туристи. Мислам дека Битола треба да се ориентира кон подобра инфраструктура (патна, интернет, услужна), затоа што е одлично место за живеење. Треба да привлечеме модерна дигитална индустрија која може да се работи од било каде, затоа што луѓето кои ќе работат во Битола како бонус ќе го имаат високиот квалитет на живот кој оваа средина може да го обезбеди.

Мислам дека туризмот често се спомнува во контекст на Битола затоа што е лесна стопанска гранка која не бара многу вештина и способност а сепак нуди добра заработувачка. Треба да сме свесни дека Битола е само еден обичен град во очите на просечниот турист, и да се фокусираме кон подобрување на животот на жителите на Битола. Природата ни дала најмногу што може да  даде, сега останува уште и ние, општеството, да направиме максимално добри услови за живот во Битола.

Секако тоа не може да се случи во протекторатот „Северџанистан“. Затоа, обврска на секој патриот, која јас ќе ја претставувам во Советот – е да се спротивстави на нормализацијата на Северџанистан и да се бори да се доведат сите луѓе кои помогнаа да се донесе, и да се одржува во живот тоа велепредавство пред правда.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Радио станици
Слушајте радио станици од Македонија и Светот.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Интервју со градоначалникот Иван Гоцевски: “Ѕвегорска сурова” е живиот симбол на традицијата во Делчево

Воениот аналитичар Дарко Тодоровски за конфликтите на Блискиот Исток – ситуацијата ќе ескалира во блиска иднина

Катерина Цаневска Арсовска: Скопје мора да биде град на ред, солидарност и развој

Андов: Ќе работиме со чесност и одговорност – секоја одлука ќе биде во интерес на граѓаните

Анимирани џиновски торти што се вртат, светат и свират – влезете во магијата на струмичката слаткарница Канела

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Интервју

Интервју со Катерина Тодороска: „Народот е зимзелен, политичарите се листопадни“

Интервју

Весна Поповска: Помалку изговори, повеќе резултати – време е Бутел да се исчисти и среди

Интервју

Македонците се одлични домаќини, Охрид моја следна туристичка дестинација – Преубавата српска водителка блеска и во поодмината бременост (Фото)

Интервју

Мелов: Ќе се борам за фер откуп, чист воздух и иднина за младите во Кавадарци

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?