Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
ЗабаваИнтервју

Плетењето е антистрес и се препорачува против стареење – младата Сара од Делчево за нејзиното интересно хоби

Сподели

Дваесет и седум годишната Сара Ивановска од Делчево, слободното време го поминува на еден мошне интересен начин. Играта со игла и конец ја претворила во едно преубаво хоби – плетење на играчки, кукли и мечиња. Желбата за плетење ја добила од нејзината покојна баба и како што ќе каже и самата таа, плетењето и претставува првично задоволство, уживање, релаксција… но сепак среќата е најголема кога ќе ги видите прекрасните мали воодушевени очиња на децата кога ќе ги здогледаат изработените кукли. За сега ова ми претставува мало хоби но зошто да не прерасне и во нешто посериозно во иднина, ќе каже Сара.

1. Од кога и како се појави желбата за изработка на овие кукли?

- Advertisement -

С.И. Имам завршено за Моден креатор и дизајнер каде имаме шиено и дизајнирано кукли, мечиња итн. Самата желба за плетење ја имам од мојата покојна баба која плетеше и ткаеше разноразни креации. Претходната година се заинтересирав премногу за плетењето, за тоа како иде целиот процес, со што се мотивирав и почнав и јас самата.

2. Од каков материјал се направени, што се користиш за изработка на една кукла?

С.И. Значи секое мече или кукла има различен тип на волна со која е изработено, повеќето користам плиш волна (100% Полиестер), ги полнам со 100% памук и користам веќе готови очиња кои се прекрасни и како создадени за секое мече.

3. Тешко ли е да се направи една ваква кукла и колку време е потребно?

С.И. Со голема љубов спрема работата ништо не е тешко. Секоја фигура си има посебна шема по која се работи и посебна метода на плетење. Самата глетка на направената фигура ќе ве натера да си помислите колку е лесно како што бев јас на самиот почеток, но секоја рачна работа си ја има својата “тежина“, секој конец и секоја игла имаат посебна приказна која не секој може да ја сфати. Времето кое е потребно варира од самата фигура, од 2 до 7 дена. Пак ќе повторам, си треба време но и љубов за се!

4. Имаш ли помош од некого или сама ги изработуваш?

С.И. Не, немам помош, ги изработувам сама. Самата поддршка од фамилијата посебно од мајка ми која ме бодри од самиот почеток ми се и повеќе од доволни да знам дека можам да успеам да израдувам некое дете или пак возрасен човек со некои од моите изработки. Тоа ме прави пресреќна!

5. Кој те научи да ги изработуваш?

С.И. Самоука сум иако сакав баба ми да ме научеше порано за многу работи но ете така било пишано и таа повеќе не е меѓу нас. Секој ден учам нови работи и нови методи на изработување и тоа е нешто преубаво!

6. Од каде ги црпеш идеите?

С.И. Интернетот е главниот извор, Youtube, Pinterest, Tiktok, Instagram. Моите први изработки ги објавив на Instagram и бев изненадена дека луѓето се заинтересирани премногу за рачно изработени работи. Воедно сакам да напоменам дека оние кои сакаат да ги видат сите мои рачни изработки, можат да ги најдат на мојот инстаграм профил  _dreammaker_.

7. Твоите планови за во иднина? Дали можеби ова може да прерасне во твој посериозен бизнис?

С.И. Па, не сум човек кој размислува за далечна иднина, но сакам да продолжам во уживањето да плетам иако тоа се уште ми е хоби. Ако не сте знаеле плетењето е антистрес и го препорачуваат против стареење хахаха.

Наташа Заовска

 

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Спортски типови
Предлог викенд типови.
Спорт
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Ацковски: Ќе се борам за Скопје кое ќе биде функционален, чист и почитуван град

За сите кои останаа без мандат

Давид Златанов: “Мојата визија за Ново Село е општина која ги комбинира економскиот развој и заштитата на природата”

Анимирани џиновски торти што се вртат, светат и свират – влезете во магијата на струмичката слаткарница Канела

Од лекциите на старата до очекувањата во новата година – празнично интервју со генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Забава

Македонија во бројки: Земја каде математиката се моли за азил

Забава

Чичко Самка да ви испее нешто (ВИДЕО)

Интервју

Матеска: Младите мора да имаат перспектива дома – мојата мисија е Прилеп да стане град на можности

Интервју

Предновогодишно интервју со градоначалникот Сашко Митовски – Горд сум на Крива Паланка како уреден, среден и функционален град

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?