Осумдесетгодишен тетовец бил лишен од слобода откако возел во спротивен правец на автопатот Тетово – Скопје, со што сериозно ја загрозил безбедноста во сообраќајот.
Од СВР Тетово информираат дека настанот се случил утрово околу 09:30 часот, кога полициски службеници го запреле патничкото возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки. При контролата било утврдено дека возачот С.С. (80) се движел по коловозната лента во спротивна насока.
Возилото било одземено, а по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
▶ Случајно видео
Пробај ја и оваа алатка:


