Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Reading: Работна средба на Јавното обвинителство и ДИК во пресрет на Локалните избори 2025
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Follow US
Home » Blog » Работна средба на Јавното обвинителство и ДИК во пресрет на Локалните избори 2025
Македонија

Работна средба на Јавното обвинителство и ДИК во пресрет на Локалните избори 2025

14.09.2025
Share
SHARE

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски и претседателот на Комисијата во Јавното обвинителство за следење на евентуални изборни нерегуларности Џељаљ Бајрами денеска остварија средба со делегација од Државната изборна комисија (ДИК) составена од претседателот Борис Кондарко, заменик-претседателот Абдуш Демири и членовите Светлана Карапетрова и Александар Даштевски.

Ad image

Двете институции се договорија да ја зајакнат меѓуинституционалната координација во рамките на своите законски надлежности за организација и следење на изборниот процес на претстојните локални избори.

Јавното обвинителство и Државната изборна комисија посветено работат за да ги овозможат сите услови за фер и ефикасен изборен процес.

Ad image

Јавниот обвинител Коцевски ги информираше претставниците на ДИК дека Колегиумот на Јавното обвинителство на РСМ донесе заклучок и за овој изборен процес да се формира привремена комисија задолжена да го следи постапувањето по евентуални изборни нерегуларности поврзани со постоење на кривични дела од Глава 16 од Кривичниот законик – Кривични дела против изборите и гласањето, како и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите.

Ad image

Комисијата ќе има за задача на дневна основа да ги следи сите настани од државата поврзани со процесот на организирањето и спроведувањето на локалните избори. За оние настани за кои ќе се оцени дека даваат индиции за евентуални сторени изборни нерегуларности, известувањата веднаш ќе се проследат до соодветното основно јавно обвинителство. Во исто време, ќе се дадат задолженија до Основните јавни обвинителства за итно постапување, односно да формираат предмет и да ги преземат сите  дејствија за утврдување на сите релевантни факти од кои зависи правилната примена на Кривичниот законик.

За претседател на Комисијата е определен Џељаљ Бајрами, јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија, а во Комисијата ќе членуваат и по еден јавен обвинител од сите виши јавни обвинителства како и еден јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје како основно обвинителство кое покрива најголемо подрачје.

Јавноста, граѓанските организации, други организации, политички партии, домашни и меѓународни институции и сите кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес, ќе можат да достават поднесок/пријава до Комисијата за следење на изборни нерегуларности на електронската адреса izbori@jorm.mk која ќе биде активна и за овој изборен процес.

Извор:jorm.gov.mk

You Might Also Like

Македонија во 2030: Ќе останат ли младите или ќе заминат сите?

Од недела променливо и нестабилно време со пад на температурите

Шукова: Заедништвото е клучот за силното Скопје

„Училишна приказна“ – Градоначалникот Коњановски им посака среќен почеток на првачињата во Битола

Движењето ЗНАМ објави советнички листи за локалните избори во Скопје

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • Ценовник Локални избори 2025 година
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?