Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македонија

РСБСП Новогодишна кампања за безбедност во сообраќајот „Секој живот е важен“

25.12.2025 08:39
Сподели

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во пресрет на новогодишните и божиќните празници ја реализира новогодишната кампања за подигнување на јавната свест за ризиците од управување на моторни возила под дејство на алкохол.

Празничниот период е карактеристичен по зголемена раздвиженост на населението, зголемен интензитет на сообраќајот, новогодишни прослави и семејни дружби, што објективно го зголемува ризикот од настанување на сообраќајни незгоди со тешки последици.

Алкохолот значително ги нарушува психофизичките способности на возачот, ја намалува концентрацијата, го продолжува времето на реакција и ја компромитира способноста за правилна проценка и донесување одлуки во сообраќајот.

Банер Банер BrandEcho

Управувањето на возило под дејство на алкохол не претставува само прекршување на сообраќајните правила и прописи, туку и сериозен безбедносен ризик кој директно ги загрозува животот и здравјето на возачите, патниците и останатите учесници во сообраќајот.

Последиците од ваквото неодговорно однесување често се трајни и ненадоместливи – за поединците, семејствата и општеството во целина.

Во таа насока, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува јасен и недвосмислен апел до сите учесници во сообраќајот:

• да не управуваат моторно возило под дејство на алкохол;

• навремено да планираат безбедна алтернатива за превоз ( јавен превоз, такси-служба );

• доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со посебен акцент на ограничувањата на брзината на движење, почитување на сообраќајнатасигнализацијата и користење на заштитна опрема;

• да покажат зголемена внимателност и одговорност кон ранливите категории на учесници во сообраќајот.

Безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорностна сите. Со почитување на законските прописи и одговорно однесување во сообраќајот, секој поединец може да придонесе празничните денови да бидат исполнети со радост и среќа, а не со трагични последици.

Пораката е јасна:

#АкоПиешНеВози,АкоВозишНемојДаПиеш

”СЕКОЈ ЖИВОТ Е ВАЖЕН”

Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за среќни и безбедни празници

Извор:rsbsp.org.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Поважни телефони
Телефонски броеви од државни и јавни институции.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Без струја утре Сарај, Илинден, Аеродром и Центар

Лишен од слобода 75-годишен возач од Охрид, управувал возило со 126 км на час на место каде е дозволено 50 км на час

Во Лазарополе утрово најсвежо

Општина Карпош со наменски контејнери за кабаст отпад

Првачињата во Делчево и оваа година ќе добијат по 3.000 денари

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Десетгодишно дете повредено на ногата поради напад од бездомно куче

Хроника

Без дозвола и малолетници – 11 приведени за неколку часа

Локално

Без вода дел од општина Центар поради водоводна интервенција

Македонија

Полицијата го уапси на аеродром, го барале за осумгодишна затворска казна

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?