Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Балкан

Рама бара од ЕУ под итно укинување на санкциите кон Косово и нов формат на дијалог меѓу Косово и Србија

Сподели

Тирана, 30 ноември 2024 (МИА) – Албанскиот премиер Еди Рама по синоќешната експлозија во каналот Ибар-Лепенец, во Зубин Поток, бара Европската унија веднаш да ги отстрани преостанатите санкции кон Косово и повторно да се вклучи во нов формат на дијалог за нормализација меѓу Косово и Србија, бидејќи „постоечкиот формат на дијалогот меѓу двете земји не ги даде посакуваните резултати“.

„Европската унија треба веднаш да ги отстрани преостанатите санкции против Косово и да се вклучи во нов формат на дијалог за нормализација меѓу Косово и Србија. Постојниот формат не ги даде посакуваните резултати и време е прашањата за дијалог да поминат низ билатералните односи на ЕУ со Косово или Србија, како две подеднакво независни држави, каде што европската судбина на секоја држава не може да зависи од тоа дали и се допаѓа или не на другата држава; исто како што европската судбина на целиот регион не може да зависи од непризнавањето на Косово од Србија или пет земји-членки на ЕУ“, наведува Рама во објава на платформата „Х“.

Според него, синоќешната експлозија е саботажа, криминален напад, тешко кривично дело, кое треба што поитно да се расветли а  сторителите казнети, со поддршка на меѓународните партнери.

- Advertisement -

Осуда за „терористичкиот напад“ изрази и лидерот на опозициската Демократска партија, Сали Бериша, оценувајќи го како „типично сценарио за мала Русија (Србија), која бара по секоја цена дестабилизација на Косово“.

-Овие дела се сериозно обвинение за Белград, кој по секоја цена бара нова зона на конфликт, бара по секоја цена, дестабилизација на Косово. Оваа ситуација е во најдобар интерес за Кремљ, кој сака, покрај воениот трон во агресијата што ја направи врз Украина, да има уште еден конфликт на Балканот, но во негови интереси, рече Бериша, на прес-конференција.

Остра осуда, од затворски притвор, каде се наоѓа, искажа и лидерот на Партијата на слободата, Илир Мета според кого „овој криминален и терористички напад, кој имаше за цел да ја оштети критичната инфраструктура и меѓу најважните на Косово, доаѓа од банди диригирани и оркестрирани од Србија“.

Од Вера Тодоровска, Тирана Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Поважни линкови
Поважни линкови од државни и јавни институции.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Ердоган: Не смее да му се дозволи на Израел да го прекрши примирјето во Газа

СКАНДАЛ: Пратеник нападна случаен минувач на плоштадот во Приштина

Раст на просечната нето плата во Црна Гора достигна 1.014 евра

Ципрас во Белград ќе претседава со Комитетот на Парламентарното собрание на Советот на Европа за Западен Балкан

Германија ја оцени ситуацијата во Србија како „загрижувачка“, Белград ги отфрла обвинувањата

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Во Косово денеска почнува пописот на населението, резултатите се очекуваат по три месеци

Балкан

Санкции за НИС: Крајот на ерата на српската нафтена индустрија?

Турција ќе и подари на Албанија „значителен” број дронови камикази

Во Тирана Американец ја задавил сопругата и двете кучиња и си пресудил со бесење

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?