Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

САД ќе ги санкционираат училиштата што продолжуваат со програмите за инклузија во образованието

Сподели

Вашингтон, 4 април 2025 (МИА) – Министерството за образование на САД синоќа предупреди дека ќе ја прекине федералната финансиска поддршка за јавните училишта и ќе преземе правни мерки доколку тие продолжат со програмите за различност, еднаквост и инклузија (DEI), кои администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да ги укине.

Во писма испратени до високи државни функционери во образованието, Министерството наведе дека училиштата што ќе продолжат со овие програми „може да се соочат со значителни последици, вклучително и тужби од Министерството за правда поради прекршување на договорите“.

Федералните власти им дадоа рок од 10 дена на надлежните во образовниот сектор да потпишат документ со кој ќе потврдат дека нивните училишта „се придржуваат до обврските за спречување на дискриминацијата“.

- Advertisement -

Од повторното преземање на функцијата на 20 јануари, Трамп презеде повеќе чекори за укинување на DEI-програмите во јавниот и приватниот сектор, вклучувајќи извршни наредби, закани за прекин на федералното финансирање и отпуштања на вработените во владата што работат на овие иницијативи.

Заштитниците на граѓанските права ја критикуваа оваа политика, истакнувајќи дека програмите за различност, еднаквост и инклузија помагаат во поддршката на маргинализираните заедници и во ублажувањето на историските неправди.

- Advertisement -
Банер

Трамп и неговите сојузници, пак, тврдат дека овие програми неправедно ги дискриминираат белците и мажите.

„Федералната финансиска помош е привилегија, а не право“, порачаа од Министерството за образование.

Во февруари, администрацијата на Трамп предупреди дека ќе го намали финансирањето на академските институции што применуваат DEI-програми. Подоцна истиот месец, Министерството за образование отвори онлајн платформа „End DEI“ („Прекратување на DEI“), преку која граѓаните можат да пријавуваат вакви иницијативи во државните училишта.

Администрацијата на Трамп исто така им се закани на универзитетите и колеџите со укинување на федералните средства и поради други политички прашања, како што се политиките за трансродови лица и пропалестинските протести против војната во Газа.

Од Сања Костовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Курсна листа
Преглед на дневна курсна листа на НБРМ.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Американците ја доживуваат Харис како почесна и подисциплинирана од Трамп, покажува новата анкета

„Фридом хаус“: Се влошува состојбата со слободите низ светот, се засилува авторитаризмот

Рубио ги обвини Никарагва, Венецуела и Куба дека предизвикуваат миграциска криза

Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

Макрон се противи на плановите на ЕУ: Крадењето на руски имот е неприфатливо!

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Турција предлага ограничен договор за безбедност во Црното Море

Европа значително го зголеми увозот на оружје во изминатите четири години

Свет

Гламурот заврши: Тиндер измамникот во полициски притвор

Свет

Натписот на УСАИД симнат од влезот на седиштето на агенцијата во Вашингтон

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?