Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Американците ја доживуваат Харис како почесна и подисциплинирана од Трамп, покажува новата анкета

14.08.2024 11:40
Сподели

Вашингтон, 14 август 2024 (МИА) – Американската потпретседателка Камала Харис има благо водство пред Доналд Трамп во неколку сојузни држави, покажува новата анкета на Асошиејтед прес и Националниот центар за истражување на јавното мислење, иако Американците сè уште малку повеќе му веруваат на поранешниот претседател во однос на економијата и имиграцијата, пренесе БТА.

Речиси половина од Американците велат дека „посветен на демократијата“ и „дисциплиниран“ се карактеристики што подобро ја опишуваат Харис.

Четири од десет гласачи рекоа дека Харис е таа што „се грижи за луѓето како тебе“, додека тројца од десет го кажаа истото за Трамп. Околу 40 отсто рекле дека квалитетот „чесна“ подобро ја опишува потпретседателката, а 24 отсто сметаат дека овој квалитет повеќе се однесува на нејзиниот противкандидат.

Ad image

Трамп води изборна кампања во која сака да се гледа како силен лидер способен да се справи со страшните кризи со кои се соочува земјата.

Банер

Засега, сепак, тој нема предност во однос на противникот во овие карактеристики, покажува студијата. Четири од десет гласачи го гледаат Трамп како силен лидер. Сличен дел го тврдат истото за Харис. Ист број луѓе сметаат дека поранешниот претседател е способен да се справи со кризи, наспроти сличен процент за потпретседателката.

Американците се уште се поделени околу тоа кој според нив е способен да победи на изборите во ноември. Во јули, пред Бајден да се откаже од трката, само двајца од десет Американци мислеа дека тој може да победи, додека двојно повеќе го кажаа истото за Трамп.

Околу 45 отсто од гласачите сега велат дека повеќе му веруваат на претходниот американски претседател за економијата и имиграцијата, во споредба со 38 отсто кои повеќе и веруваат на сегашната потпретседателка.

Харис ужива поголем кредибилитет од Трамп кога станува збор за решавање на прашања поврзани со расната нееднаквост, политиката за абортус и здравствената заштита. Речиси половина од гласачите сметаат дека демократот ќе заврши подобра работа по овие прашања од републиканецот, кому три од десет гласачи му веруваат.

Околу двајца од 10 независни гласачи рекоа дека би сакале да ја видат Харис избрана на функцијата, додека сличен број независни гласачи го кажаа истото за Трамп.

Од Марија Спасовска/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Македонска музика
Македонски песни
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Турција одбележува осум години од неуспешниот обид за пуч

Лидери на 19 земји го најавија своето присуство на Парадата на победата во Москва

Мидл Ист Ај: Путин бара руски борбени авиони да го придружуваат до Турција

Федерален судија и нареди на администрацијата на Трамп да го врати Гласот на Америка

Си: Кина и Виетнам треба да ги зголемат напорите за изградба на заедница со заедничка иднина

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Кремљ реагира на провокациите на НАТО

Трагедија: Во пожар во автомобил загинаа татко и две деца

Анкета: Речиси половина од Германците не им веруваат на извештаите на германските медиуми за војната во Појасот Газа

Шведска минатата година одобрила рекордно мал број азили

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?