Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

САД ќе запленува плати и даночни поврати поради студентски долгови

Сподели

Вашингтон, 22 април 2025 (МИА) – Американската Влада објави дека од следниот месец ќе започне со наплата на неплатените студентски долгови, вклучително и со заплена на плати.

Според соопштението на американското Министерство за образование, мерката ќе опфати над пет милиони лица кои веќе доцнат со отплатите. Дополнителни четири милиони Американци значително заостануваат со плаќањето.

Претседателот Доналд Трамп во 2020 година го стопираше отплаќањето на студентските заеми како дел од мерките за поддршка за време на пандемијата на Ковид-19. Овој период потоа беше продолжен од неговиот наследник, демократот Џо Бајден, кој неколкупати се обиде да отпише дел од долговите.

- Advertisement -

Сепак, во 2023 година, Врховниот суд, со конзервативно мнозинство, ги поништи поголемиот дел од тие мерки.

Министерката за образование Линда Мекмеон објасни дека повторната наплата е неизбежна бидејќи Владата „нема уставни овластувања за отпишување на долгот“ и ја критикуваше политиката на администрацијата на Бајден како „неодговорна“.

Засегнатите лица ќе добијат официјално известување по електронска пошта во рок од две недели, со најава дека заплената на плати ќе започне во текот на летото и ќе ги засега и социјалните надоместоци и враќањето на даноци.

Организацијата „Центар за заштита на студентските должници“ ја нарече мерката „сурова“, предупредувајќи дека ќе го влоши животот на работничките семејства.

Западни медиуми посочуваат дека високо образованието во САД може да чини од 10.000 до 70.000 долари годишно, поради што многу дипломирани лица започнуваат со живот обременети со долгови. Според податоците на Министерството за образование, 42,7 милиони Американци должат вкупно 1.600 милијарди долари поради студентски заеми.

Центарот „Пју“ прецизира дека до 2023 година, секој четврти возрасен Американец под 40 години имал просечен долг меѓу 20.000 и 25.000 долари.

Од Сања Костовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Подкасти
Директориум на македонски подкасти.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Путин и Трамп разменија честитки по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија

Иран, Русија и Оман се подготвуваат за заеднички поморски вежби во Индискиот Океан

Поради украинските напади во Белгордската област прогласена вонредна состојба

Трамп: Зеленски има можност да стави крај на конфликтот со Русија

25 години од НАТО бомбардирањето на СР Југославија (ВИДЕО)

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Полска на нозе: Протест против имиграцијата и европските политики

Свет

Нетанјаху ќе се сретне со Бајден

Свет

Трамп воведува нови царини, најавувајќи „златна ера“ за САД

Свет

Речиси 30 отсто од сириските бегалци на Блискиот Исток сакаат наскоро да се вратат во својата земја

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?