Иран, Русија и Оман се подготвуваат за заеднички поморски вежби во Индискиот Океан

Техеран, 18 октомври 2024 (МИА) – Поморските флоти од Русија и Оман ѝ се придружија на иранската морнарица во подготовка за вежби под покровителство на Иран во Индискиот Океан, јавија светските агенции, цитирајќи ги денешните извештаи на иранските државни медиуми.

Хеликоптери и бродови од флотите на иранската армија и Иранскиот корпус на гардата на исламската револуција (ИРГЦ) ги пресретнаа воените бродови на Русија и Оман во иранските води.

Се очекува вежбите да почнат во наредните денови, во услови на тензии во регионот, забележуваат агенциите.

Од Рената Пепељугоска Извор МИА

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава