Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Трамп воведува нови царини, најавувајќи „златна ера“ за САД
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Трамп воведува нови царини, најавувајќи „златна ера“ за САД
Свет

Трамп воведува нови царини, најавувајќи „златна ера“ за САД

02.04.2025
Share
SHARE

Вашингтон, 2 април 2025 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе започне, како што ја нарекува, „мајката на сите трговски битки“, со воведување нови царини кои, според него, ќе означат почеток на „златната ера“ за САД, но кои, според аналитичарите, можат да предизвикаат потреси во глобалната економија.

Трамп вчера, според неговата портпаролка Каролајн Левит, бил „фокусиран на финализирање“ на планот, чијашто содржина и обем остануваат мистерија. „Од утре, ограбувањето на Америка завршува“, изјави Левит, нагласувајќи дека царините ќе стапат во сила „веднаш“.

Новите царини ќе бидат претставени токму денеска, ден кој Трамп го нарекува „Ден на ослободувањето“, за време на церемонија во Белата куќа во 16:00 часот по локално време (23:00 часот по средноевропско време). Тоа значи дека одлуката ќе биде објавена веднаш по затворањето на Њујоршката берза, која веќе бележи нестабилност, како и останатите светски пазари, пишува Франс пренс, пренесува БТА.

Американската администрација не ги коментираше извештаите во медиумите дека се размислува за воведување унифицирана такса од 20 проценти на сите увозни производи, наместо царини базирани на потеклото на стоките.

Сепак, Трамп вчера изјави дека ќе биде „многу благ“ кон трговските партнери на САД, што внесе неизвесност во прашањето за вистинскиот обем на протекционистичките мерки.

Некои земји веќе подготвуваат одговор на можните мерки. Новиот канадски премиер, Марк Карни, изјави дека Отава ќе биде „многу внимателна“ при одлучувањето за реакција на „неоправданите мерки на американската влада“.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен порача дека ЕУ не сака „непотребно да возвраќа“, но има „јасен план“ доколку се покаже потреба.

Некои земји, како Виетнам, веќе превземаат мерки за намалување на сопствените царини со цел да избегнат удар од Вашингтон. Велика Британија, пак, „неуморно работи“ на постигнување билатерален трговски договор со САД, но британскиот премиер Кир Стармер призна дека „веројатно ќе има нови царински давачки“.

Азиските економски сили – Кина, Јапонија и Јужна Кореја – најавија забрзување на преговорите за слободна трговија, додека Израел вчера најави укинување на сите преостанати царини за увоз од САД, очигледно со цел да избегне реципрочни мерки од Вашингтон.

Трамп, кој царините ги нарекува „најубавиот збор во речникот“, тврди дека тие ќе ја заживеат американската индустрија, ќе го балансираат трговскиот дефицит и ќе помогнат во намалувањето на буџетскиот јаз.

Сепак, аналитичарите на „Голдман Сакс“ предупредуваат дека зголемувањето на царините може да има ист ефект како и зголемување на даноците, со тоа што ќе ја намали куповната моќ на граѓаните.

Од враќањето во Белата куќа, Трамп веќе ги зголеми царините на кинеските производи, на дел од увозот од Мексико и Канада, како и на челикот и алуминиумот.

Дополнително, од утре се очекува САД да воведат нови 25 отсто царини на увезените автомобили и авто-делови.

Од Сања Костовска Извор МИА

You Might Also Like

Кина воведува одмазнички царини за јаглен и течен природен гас од САД

Во војната во Газа за една година најмалку 42.065 починати, 55 во последните 24 часа

Папата Франциск упати молитви за погодените од поплавите во Казахстан

Шест земји-членки на ЕУ бараат привремен прекин на санкциите за Сирија

Зеленски: Украина подготвува уште четири нови безбедносни договори

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?