Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Швајцарците на референдум гласаат за 13-та пензија и зголемување на старосната граница за пензионирање

Сподели

Берн, 3 март 2024 (МИА) – Швајцарија, чие население старее и се соочува со зголемени трошоци за живот, денеска одржува референдум за два клучни предлози за пензионерите: исплата на 13-та пензија и зголемување на старосната граница за пензионирање.

Предлогот за постепено зголемување на старосната граница за пензионирање од 65 на 66 години во следните десет години за да се обезбеди целосно финансирање на пензискиот систем, се чини дека е осуден на неуспех.

Имено, пред нешто помалку од две години, швајцарските гласачи тесно одлучија да ја подигнат старосната граница за пензионирање на жените од 64 на 65 години, колку што е за мажите.

- Advertisement -

Последниот предлог доаѓа од подмладокот на десничарската Либерална партија.

Но, се чини дека оваа иницијатива нема шанси за успех. Последните анкети покажуваат дека само 35 отсто од испитаниците ја поддржуваат ваквата одлука, а 63 отсто се против.

Што се однесува до 13-та пензија, швајцарските синдикати изнесоа предлог за воведување дополнителен месечен социјален надоместок за помош на пензионерите поради зголемените трошоци за живот во богатата алпска земја.

Иницијативата наречена „Подобар живот во пензија“ бара секоја година да се исплаќа 13-та пензија, како 13-та плата што ја добиваат многу работници во Швајцарија.

Анкетите покажуваат дека мнозинството Швајцарци го поддржуваат предлогот, иако се чини дека бројот на поддржувачи се намалува и се уште не е сигурно дека ќе помине.

Месечниот социјален надоместок во Швајцарија може да биде до 2.450 швајцарски франци за поединци и 3.675 франци за брачни парови.

Тоа можеби изгледа многу, но во земја која е меѓу најскапите во светот не е така.

Киријата за просечен двособен стан во швајцарските градови е најмалку 3.000 франци, а кафето чини повеќе од пет франци.

Доколку Швајцарците дадат зелено светло за тој предлог, нема да бидат први во Европа. Сличен систем со години има и соседен Лихтенштајн, уште една скапа земја која користи швајцарски франк.

Лидерот на Швајцарската синдикална федерација (СГБ), Пјер-Ив Мајар, кој припаѓа на кампањата „да“, рече дека „има криза на куповната моќ“ во земјата.

– Животниот стандард на пензионерите паѓа, нагласи тој.

Од: Јасмина Тасевска Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за недостаток на сон
Пресметајте за тоа колку сон ви недостасува.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Зеленски го потпиша законот за зголемување на воените трошоци на Украина за 12 милијарди долари

Масовен протест против Трампова имиграциона политика: Граѓаните велат ‘Доста е!’

Сирија бара ОН да извршат притисок врз Израел да се повлече од нејзина територија

Полска ги доби најмодерните американски тенкови Абрамс

Зеленски: Ме интересира како точно Трамп би ја завршил војната за 24 часа

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

ЕУ вети милијарди евра за Сирија

Свет

Младите Украинци мораат да се вратат дома, вели германскиот канцелар

Свет

Шпанскиот премиер го нарече Израел геноцидна држава

Свет

Најмалку 50 луѓе загинаа при израелскиот напад врз Појасот Газа

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?