Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Шпанскиот премиер го нарече Израел геноцидна држава

16.05.2025 12:32
Сподели

Мадрид, 16 мај 2025 (МИА) – Шпанскиот премиер Педро Санчез во парламентот го нарече Израел „геноцидна држава“ и јасно порача дека Шпанија „не соработува со таква земја“, што е неговата досега најостра изјава за војната во Газа.

-Сакам јасно да кажам, господине Руфијан: ние не работиме со геноцидна држава, ние не работиме, рече Санчез претпладнево во шпанскиот Парламент, одговарајќи му на пратеникот Габриел Руфијан, кој го обвини дека одржува трговски односи со Израел и покрај војната во Газа.

Санчез истакна дека веќе го објаснил својот став и додаде: „Мислам дека другиот ден јасно објаснив од оваа говорница за што зборуваме кога се даваат изјави што не одговараат на вистината“.

Банер

Локалните медиуми објавија дека ова е првпат Санчез јавно да го употреби терминот „геноцидна држава“, термин што често го користи крајнолевичарскиот коалициски партнер во неговата влада, Сумар.

Израелското Министерство за надворешни работи веднаш реагираше и ја повика на разговор шпанската амбасадорка во Израел, Ана Саломон.

„Поради тешките изјави дадени од шпанскиот премиер Педро Санчез, шпанскиот амбасадор во Израел е поканет утре во Министерството за надворешни работи во Ерусалим на интервју“, се наведува во соопштението на израелското министерство.

Лидерката на Сумара и втора заменик-премиерка, Јоланда Дијаз, со месеци го обвинува Израел за геноцид и повикува на прекин на трговските односи со еврејската држава.

Изјавата на Педро Санчез доаѓа во време на засилени меѓународни критики за воените операции на Израел во Газа и дополнително затегнати односи меѓу Мадрид и Тел Авив.

Да ве потсетиме дека во мај минатата година Шпанија ја призна Палестина, заедно со Словенија, Ирска и Норвешка. Палестина досега е признаена од 147 земји-членки на ОН, од вкупно 193 од нив.

Од Сашко Димевски Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Амбасади
Приказ на амбасади и дипломатски претставништва на Македонија.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Куба почна да ослободува 553 затвореници

Нова ера на поврзување: Подгорица и Загреб добиваат редовна авионска линија

Зеленски најавува нови воени операции во Русија

Во Пакистан четири лица осудени на смрт поради бласфемија

Иран планира изградба на два нови големи пристаништа на јужниот брег

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Обилните дождови предизвикаа поплави во Виена

Балкан

Курти: Косово потпиша договор со турска компанија за изградба на фабрика за муниција

Свет

Судот во Сеул го осуди поранешниот претседател Јун Сук Јол на доживотна казна за обид за државен удар

Сицилија се бори со невидена суша: Сточарите принудени да ги убиваат животните

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?