Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

ЕУ вети милијарди евра за Сирија

18.03.2025 10:20
Сподели

Брисел, 18 март 2025 (МИА) – Донаторите на годишната конференцијата предводена од Европска Унија синоќа ветија 5,8 милијарди евра помош за новите сириски власти, кои се соочуваат со хуманитарни и безбедносни предизвици по соборувањето на Башар ал Асад.

Помошта е помала од лани, кога на Сирија и беа доделени 7,5 милијарди евра грантови и заеми, а претставниците на ЕУ како главен фактор го наведоа намалувањето на американската помош.

ЕУ ја организира конференција од 2017 година, но се одржуваше без учество на претставници на владата на Асад, која беше изолирана поради нејзините брутални дејствија за време на граѓанската војна, што почна во 2011 година. Првпат на конференцијата учествуваше висок функционер од Дамаск – сирискиот министер за надворешни работи Асад Хасан ал Шибани, заедно со десетици европски и арапски министри и претставници на меѓународни организации.

Ad image

– Ова е време на голема потреба и предизвик за Сирија, како што трагично сведочи неодамнешниот бран на насилство во крајбрежните области, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.

Банер Банер BrandEcho

Таа додаде дека е и „време на надеж“, мислејќи на договорот постигнат на 10 март за интегрирање на Сириските демократски сили предводени од Курдите, поддржани од САД, кои контролираат голем дел од североисточна Сирија, во новите државни институции.

Според податоците на ЕУ, на околу 16,5 милиони луѓе во Сирија им е потребна хуманитарна помош, а на 12,9 милиони луѓе им е потребна помош во храна.

Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен на состанокот најави зголемување на обврските на ЕУ за Сиријците во земјата и регионот на речиси 2,5 милијарди евра за 2025 и 2026 година, што вклучува зголемување од околу 160 милиони евра во споредба со претходното ветување за оваа година.

Хајат Тахрир ал-Шам, групата што го собори Асад, е прогласена за терористичка организација од Обединети нации, но ЕУ сака да соработува со новите власти сè додека тие го одржат ветувањето дека транзицијата ќе биде инклузивна и мирна.

Од Марина Илиевска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Поважни линкови
Поважни линкови од државни и јавни институции.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Хрватска на врвот на инфлацијата во еврозоната

Сијарто: “Зеленски, покажи малку почит!”

Невремето во Албанија предизвика прекин на сообраќајот

Грција и Турција: Воена трка под сенката на НАТО

Кина се спротивставува на американскиот притисок за иранската нафта

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Двократно убиство на патот Цетиње-Будва: Полицијата истражува

Свет

Трагедија во Чешка: Пукање во општинска зграда однесе живот

Свет

Крај на суверенитетот: Како САД ги киднапираат светските лидери?

САД: Иран ќе се соочи со значајни последици ако испорача балистички проектили на Русија

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?