Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Сиљановска-Давкова: Нова декларација за евроинтеграциите не е потребна

ФОТО: pretsedatel.mk
Сподели

Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, изрази став дека не е неопходно да се донесе нова декларација за црвените линии на државата во контекст на евроинтеграциите. Оваа изјава доаѓа по најавата на опозициската партија СДСМ за поднесување на таква декларација. Сиљановска-Давкова, во своето обраќање од Охрид, ги повика сите политички партии да се соберат во Парламентот и да постигнат согласност за заеднички настап надвор од границите на државата.

„По толку бели линии, сега да зборувате за црвени линии, е апсурдно. Ние имаме декларација, и тоа не само една, туку неколку декларации имаме донесено во Собранието и не беа почитувани. Дури и референдумски резултат не почитувавме, а камоли црвени линии“, изјави Сиљановска-Давкова, нагласувајќи дека е важно политичките партии, без оглед на нивната политичка припадност, да се усогласат во однос на надворешната политика.

Таа истакна дека ако политичките лидери од опозицијата и власта настапат единствено, тоа би можело да влијае на односите со Европската унија. „Ако лидерите на опозицијата и лидерите на сите партии зборуваа во еден глас дека мислиме вака и вака, дека ова е најдобро решение, сигурно поинаку ќе се однесуваа кон нас“, додаде таа.

- Advertisement -

Сиљановска-Давкова се осврна и на предлозите за уставни измени со одложено дејство, истакнувајќи дека таквите предлози не би биле предложени без уставен основ. „Зарем мисли некој дека ние ќе предложиме уставни измени со одложено дејство ако за тоа нема уставен основ?“, запраша таа, нагласувајќи дека и првите уставни измени, како и Преспанските, биле со одложено дејство.

Во однос на непочитувањето на одлуките на Меѓународниот суд на правдата, Сиљановска-Давкова изрази загриженост за валидноста на судските пресуди. „Јас мислев дека пресудите на Судот се конечни и извршни и важат за сите држави. Какви се тие пресуди кои не важат, каков е тој суд чии пресуди не важат?“, праша таа, истакнувајќи ја важноста на правната држава.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Радио станици
Слушајте радио станици од Македонија и Светот.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Прекинато водоснабдување за корисниците од село Студеничани и ул. „Алексо Демниевски“

Загина пешак кај кочанското село Тркање

Кумановец уапсен за објавување на интимни фотографии без согласност

Напад во семејниот дом! Ќерка физички го нападнала 71-годишниот татко во Свети Николе!

Состојбата со пожарите во живо (31.07.2024)

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Македонија

Македонскиот конгрес повикува на нов пристап кон Русија

Локално

„И јас и ти сме пешаци“, превентивна активност на СВР Куманово

Локално

Пожар во Делчево: Багер зафатен од огнени јазици, среќа без повредени

Локално

Отворен Фестивалот на дувачки оркестри во Пехчево

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?