Прекинато водоснабдување за корисниците од село Студеничани и ул. „Алексо Демниевски“

Скопје, 5 август 2024 (МА) – Прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците од село Студеничани и од ул. „Алексо Демниевски“, од ул.1 до ул.19 во Скопје

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираа дека поради дефект во шахта на ул. 5 бр.10 во Студеничани, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од селото од 11:00 часот до завршување.


Поради уличен дефект ф2 “на ул. „Алексо Демниевски“ 1/1, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Алексо Демниевски“, од ул.1 до ул.19.

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираа дека прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 10:50 часот до завршување.

Од Цветанка Миновска Извор МИА

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава