Во низата на краш тестови спроведени од страна на EuroNCap, на “мени” се најде новата Skoda Superb. И по новите, построги критериуми за тестирање, чешкиот автомобил покажа супериорни перформанси.
Заслужените пет ѕвездички ги доби благодарение на 93 процентниот скор во однос на безбедноста на ваозрасните, 87% во однос на безбедноста на децата како и 82% во однос на безбедноста на пешаците. За безбедносната асистенција доби скор од 80%.
Краш тестот можете да го погледнете во продолжение.