Над илјада работници во фабриката на Volkswagen во Брисел вчера протестираа поради најавеното затворање на тамошната фабрика, јавуваат белгиските медиуми. Локалната полиција соопшти дека демонстрациите учествувале над 5 илјади работници и дека истите поминале во најдобар ред.
Протестот следи откако извршниот директор на Volkswagen Групацијата, Оливер Блум, соопшти дека поради влошување на економското опкружување ќе треба да се затворат неколку фабрики на производителот.
Инаку во оваа фабрика се произведуваат неколку електрични модели на оваа Групација, а минатата година во неа се произведени 50 илјади автомобили.