Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Uncategorized

Скриени пари, злато и ракија – царината ги фати на дело

ФОТО: Царинска управа на РМ
Сподели

Царински службеници и мобилни царински тимови на Царинска управа во изминатиот период открија повеќе обиди за шверц на стока и криумчарење на непријавени девизи на неколку гранични премини низ државата.

На Табановце, при излез од државата, мобилен царински тим открил 13.900 евра, три златни монети и една златна плочка со тежина од околу 90 грама кај двајца патници. При личен претрес, кај возачот биле пронајдени вкупно 23.900 евра, како и златните предмети. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени дозволените 10.000 евра, додека останатите девизи и златото се привремено задржани.

На граничниот премин Ќафасан, при влез во државата, кај совозач во патничко возило биле откриени непријавени 20.000 евра. На лицето му биле вратени 10.000 евра, додека преостанатиот износ е задржан.

- Advertisement -

На излез од државата кај Богородица, кај четворица патници биле пронајдени вкупно 20.000 евра, односно по 5.000 евра кај секој од нив. Бидејќи сумата ја надминува дозволената за изнес без пријава, на секој патник му биле вратени по 2.000 евра, а 12.000 евра се привремено одземени.

Царинските службеници на Деве Баир откриле и 30 штеки цигари со турски акцизни маркички, 279 парчиња накит-бижутерија и 30 килограми монистри при контрола на автобус со турски регистарски таблички. Цигарите биле скриени во фабричка празнина, додека останатата стока била пронајдена во багажниот простор. Вредноста на непријавената стока изнесува 73.780 денари, а избегнатите давачки се проценети на 75.038 денари.

- Advertisement -
Банер

На граничниот премин Стење, кај патник – странски државјанин со пријавено живеалиште во Прилеп, биле пронајдени 17 шишиња со течност за инјекции за животни, кои биле скриени во лична ташна. Стоката е привремено одземена.

Дополнително, на Табановце, при контрола на патник со АТА карнет, царинските службеници откриле четири нови звучни кутии, употребувана електрична гитара и модул за електрични тапани, кои не биле пријавени и не биле опфатени во карнетот.

Исто така, при детален преглед на возило на истиот граничен премин, по насоки од дежурниот царински центар, биле пронајдени 60 литри домашна ракија, скриени на повеќе места во возилото – под тапацир, во кровот, под хаубата и во патнички торби.

Од Царинската управа информираат дека против сторителите ќе бидат преземени соодветни законски мерки, а контролите на граничните премини ќе продолжат со засилен интензитет.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за вредноста на платата денес
Калкулатор за тоа колку вреди твојата плата денес.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 14.2.2025 (петок), 21:30

„Сајбер Команда“ со Филип Петровски – Сезона 3, Епизода 33 – 10.05.2025

24 години од масакрот кај Вејце – „Сите ќе изгинеме за Македонија“

Мијата: Јас многу не почитувам плејбек

Русин осуден на 14 години затвор за предавство во корист на Украина

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Uncategorized

Goran Japan – Pejac, Maser, Showman… Japan ima ziveeno 100 zivoti | | #PenzyVSGenzy HALKBANK

Uncategorized

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ 28.3.2025

Uncategorized

„Сајбер Команда“ со Филип Петровски – Сезона 3, Епизода 34 – 17.05.2025

Uncategorized

Терористи или Уставобранители?

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?