Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Дијаспора и МНМ

СМК: Апел за масовен семакедонски протест пред Европскиот парламент

Сподели

30 мај 2025 година, Брисел, Белгија – Светскиот Македонски Конгрес заедно со Светскиот Македонски Конгрес во Европа ја поддржуваат иницијативата на Македонскиот национален совет во Швајцарија за масовен семакедонски протест на 4 јуни 2025 година (среда), со почеток во 11:00 часот пред зградата на Европскиот парламент во Брисел.

СМК и СМК-Европа апелираат на семакедонско единство во одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ и Македонскиот јазик.

Европскиот парламент на 4 јуни 2025 година треба да усвои извештај за Македонија во којшто треба да се потврди признавањето на македонскиот идентитет и јазик на четири места. Ова ќе биде второто законодавно тело во Европа по германскиот Бундестаг, кој донесе одлука за македонскиот јазик уште на 15 јуни 2023 година. Признанието треба да биде наведено во следниот извештај на Европскиот парламент за Македонија. Признавањето на јазикот и идентитетот било постигнато откако главниот известувач – Австриецот Томас Вајц од Зелената партија – постигнал консензус со другите седум известувачи “во сенка“ кои ги претставуваат политичките семејства на партии во Европскиот Парламент. Зелената партија на известувачот Томас Вајц е коалициски партнер со партијата Европска слободна алијанса – ЕФА. ЕФА ги претставува интересите на малцинствата кои бараат регионална автономија, самоуправа или независност во рамките на Европската Унија. Меѓу членовите на ЕФА се и забранетата партија ОМО “Илинден“ – Пирин во Бугарија и Македонската алијанса за европска интеграција во Албанија – МАЕИ.

Од неговото назначување за известувач, Томас Вајц одржал 36 состаноци со Македонската влада и ниту еден со здруженијата на бугари во Македонија. Над 40 предлози за извештајот биле дадени од бугарските европратеници Андреј Ковачев од ГЕРБ и Ивајло Валчев од партијата ИТН. На денот кога започнаа преговорите, на покана на самиот Вајц, 15 пратеници од Македонското собрание одржаа состаноци во зградата на Европскиот Парламент, а претходно, на 12 мај годинава, истото го стори и министерот за европски прашања Орхан Муртезани. Томас Вајц организираше официјален ручек за македонските пратеници со “известувачите во сенка“, на кој бугарските пратеници не биле поканети. Како резултат на постапките на Томас Вајц и успешните лобистички напори на Скопјe, речиси сите текстови на бугарските европратеници беа отфрлени од известувачите, но беа усвоени шест предлози Европскиот Парламент да го признае македонскиот идентитет и јазик. Резервите на Бугарија во однос на македонскиот јазик, кој официјално беше кодифициран во 1945 година, се целосно отсутни од извештајот.

СМК и СМК-Европа апелираат на масовно присуство со сопствени транспаренти, плакати и македонски знамиња со пораки за поддршка на државата Македонија, македонскиот јазик и македонската култура! Лице за контакт Златко Николоски од Швајцарија ++41789196598.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулаторот за БМИ
Калкулаторот за БМИ (телесна маса)
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Општина Пустец пример за транспарентност меѓу општините во Албанија

Денови на глаголицата во Хрватска

СМК: Полот и родот се биологија, а не идеологија!

МД „Илинден“-Тирана го поздрави приемот на МАЕИ во ЕФА

Македонското друштво “Илинден” со барање за 24-часовно работење на граничниот премин Требиште – Џепиште

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Дијаспора и МНМ

МД „Илинден“-Тирана: 8 Септември го трасираше патот за посветла иднина на нашата матична држава

Дијаспора и МНМ

Семакедонско обединување во Швајцарија

Дијаспора и МНМ

МД „Илинден” – Тирана и го честиташе изборот на Спиропали за претседателка на албанскиот парламент

Дијаспора и МНМ

СМК: 1947 година Бугарија ги призна Македонците

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?