Денови на глаголицата во Хрватска

Во организација на Заедницата на Македонците во Република Хрватска и Македонското културно друштво на Истарската Жупанија “Свети Кирил и Методиј” во Пула, на 19 октомври 2024 година ќе се одржи традиционалната културна манифестација “Денови на глаголицата”.

Во програмата е предвидена поезија и песна од автобус, а во Алејата на глаголицата предвиден е реферат “Глаголицата некогаш и денес” од Хари Видовиќ, изложба на предмети со натписи на глаголицата, и настап на хорот и оркестарот на Македонското културно друштво на Истарската Жупанија “Свети Кирил и Методиј” во Пула.

Кон алејата на глаголицата се поаѓа во 9.00 часот од Друштвениот центар на здруженијата “Карло Ројц” на улица “Гајева” број 3, Пула.

– Се веселиме, на средбата, – порачуваат од управата на Македонското културно друштво на Истарската Жупанија “Свети Кирил и Методиј” во Пула.

Покровители на културната манифестација “Денови на глаголицата” се Советот за националните малцинства на Хрватска, Истарската жупанија и Градот Пула.

Поканети се сите Македонци и пријатели на Македонија и Македонците, поканата важи за сите добронамерници. Повелете!

Сподели ја оваа објава