СМК: 1947 година Бугарија ги призна Македонците

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) потсетува дека на 1 август 1947 година во Блед, во Словенија, е потпишан Договорот за пријателство и соработка меѓу ФНР Југославија и НР Бугарија, потпишан од претседателите Јосип Броз Тито и Георги Димитров.

Со овој договор Бугарија ги призна Македонците во Пиринска Македонија и постоењето на македонскиот народ со неговиот посебен македонски јазик и посебна македонска историјa, различни од етничките карактеристики, јазикот и историјата на бугарскиот народ.

За жал, во 1949 година Бугарија еднострано го раскина договорот. Денес инсистира на “заедничка историја“ со Македонија и повторно негира се’ што е македонско!

СМК смета дека пред Европа и светот, Македонија мора повторно да го актуелизира бледскиот договор во односите со Бугарија.

Сподели ја оваа објава