Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • Македонска музика
    • Курсна листа
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Reading: СМК: Претседателот е должен седниците на Собранието да ги води на Македонски јазик
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • Македонска музика
    • Курсна листа
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Follow US
Home » Blog » СМК: Претседателот е должен седниците на Собранието да ги води на Македонски јазик
Дијаспора и МНМ

СМК: Претседателот е должен седниците на Собранието да ги води на Македонски јазик

01.06.2024
Share
SHARE
1 јуни 2024 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) за неуставно го смета соопштението од кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши, дека “Претседателот на Собранието го остварува правото на употреба на албанскиот јазик во службената комуникација, што е загарантирано со Уставот, важечките закони и прописите на Собранието. Ова законско право ќе го остварува во текот на целиот мандат”, како реакција по преставката на пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска заради заклетвата што ја даде на конститутивната седница на Собранието – прво на албански јазик, па на македонскиот јазик.
Кон оваа рашомонијада придонесуваат и уставните судии во злосторничко здружение со Владата на СДСМ и ДУИ за суспензија на уставно-правниот поредок и правата и слободите на граѓаните, затоа што под претседателство на Добрила Кацарска, Уставниот суд се прогласи за ненадлежен да ја оценува уставноста на указите за прогласување на законите, а Законот за употреба на јазиците се’ уште е во фиока, поради што се создадени услови Собранието да го објавува во “Службен весник” секој закон без потпис на претседателот на државата на указот за негово прогласување, односно станува бесмислена објавата на указот за прогласување на законите само со потпис на претседателот на Собранието!
СМК потсетува дека во согласност со Амандманот V став 4 од Уставот “Кој било граѓанин кој живее во единиците на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, во КОМУНИКАЦИЈАТА со подрачните единици на министерствата, може да употреби кој било од службените јазици и неговото писмо. Подрачните единици надлежни за тие единици на локална самоуправа одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмо што го употребува граѓанинот. Секој граѓанин во КОМУНИКАЦИЈА со министерствата може да употребува еден од службените јазици и неговото писмо, а министерствата одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмото што го употребува граѓанинот.“
СМК потсетува дека Африм Гаши како граѓанин, во комуникацијата со Собранието може да го користи и албанскиот јазик, меѓутоа тој како претседател на Собранието не е странка во постапка на комуникација со Собранието, туку пратеник, а бидејќи во согласност со Амандманот V став 1 од Уставот “на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“, тој е должен кога претседава со седниците на Собранието истите да ги води на македонски јазик и неговото кирилско писмо, иако пратеник од заедница чии припадници зборуваат јазик различен од македонскиот јазик а кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, има право на седниците на Собранието и на седниците на работните тела да зборува и на тој јазик.
СМК смета дека независно од етничкото потекло на претседателот на Собранието, материјалите кои ги добива, односно доставува, не смеат да бидат на македонскиот и на албанскиот јазик на половина страница по должина на секој лкист хартија каква што неуставна пракса воведе претходниот претседател на Собранието Талат Џафери кому никој не му се спротиставуваше, туку на посебен лист на македонски јазик и неговото кирилско писмо, а за пратениците Албанци и на посебен лист на албански јазик и неговото писмо.
СМК оценува, ако сите се еднакви пред Уставот и законите, неприфатливо е седниците на Собранието и седниците на работните тела да се водат на албански јазик доколку претседател е Албанец по потекло, наспроти пратениците кои не се Македонци по потекло или Албанци по потекло, а се двотретинско мнозинство во Собранието!
Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо во државата Македонија не е службен јазик на целата територија и во нејзините меѓународни заради мајоризација врз другите, туку за да се разберат сите! Во спротивно мнозинството се става под режим на апртхејд од само едно малцинство, што претставува преседан во светската историја на народите и државите!
Во таа смисла, валидни списи во сите постапки пред управните и судските органи може да бидат само на македонски јазик и неговото кирилско писмо, во случај на судир на преводите поради неточен превод и намерни или ненамерни грешки!

You Might Also Like

Започна реконструкцијата на македонските цркви во областа Голо Брдо

ОТКРИЕНА НОВА ФАСАДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА СОБОРНА ЦРКВА “СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ” ВО ТОРОНТО

СМК бара враќање на украденото македонско културно-историско наследство

Во Љубљана се одржуваат курсеви за македонски ора

16 години постоење на Македонското друштво “Илинден”-Тирана

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • Ценовник Локални избори 2025 година
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?