Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Дијаспора и МНМ

Васил Стерјовски ја објави својата кандидатура за пратеник во Собранието на Албанија

26.03.2025 09:48
Сподели

25 март 2025 година, Корча, Албанија – Претседателот на единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција, м-р Васил Стерјовски, денес ја објави својата кандидатура за пратеник во Собранието на Албанија на листата на Социјалистичката партија во изборната единица за округот Корча. Неговата објава ја пренесуваме интегрално.

– Почитувани пријатели, трагичниот настан во Кочани нè погоди сите Македонци, каде и да сме… Националната трагедија во Кочани нè потсети колку сме поврзани, ја потврди семакедонската сплотеност и единство, без разлика на границите! Во овие тешки мигови, нашите мисли и срца се со семејствата на загинатите – Бог да ги прости и вечна им слава, со пријателите, со целиот Македонски народ кој ја дели оваа болка, нашите молитви се со повредените за нивно најбрзо заздравување. Било, никогаш да не се повтори.

Националната трагедија во Кочани, се совпадна со мојата кандидатура за пратеник на претстојните парламентарни избори во Албанија, што ќе се одржат на 11 мај годинава. Од почит кон загинатите и во знак на солидарност, не ја објавив мојата кандидатура додека траеа деновите на жалоста.

Банер Банер BrandEcho

На овие избори, единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција настапува во коалиција со Социјалистичка партија. Во согласност со договорот за коалицирање, јас сум кандидат на листата на Социјалистичка партија за Округот Корча. Од 143 кандидати кои се натпреваруваат во Округот Корча, од 11 партии и коалиции, јас сум единствениот Македонец во трка за пратенички мандат – предложен од Македонска алијанса за европска интеграција!

Упатувам искрена благодарност до Социјалистичката партија која ни даде можност да се најдеме на нивната листа. Мојата искрена благодарност и до Македонската алијанса за европска интеграција, за поддршката и довербата да ја претставувам Македонската заедница во Албанија во овој важен политички процес.

Почитувани пријатели, на Македонците во Албанија им недостасува претставнички мандат во Собранието на Република Албанија. Долги години изборните закони беа дискриминирачки кон националните малцинствата, оневозможувајќи ни’ да имаме свој глас во законодавната власт. Во претходниот мандат, како пратеник, предложив законски измени за гарантирани квоти за националните малцинства. За жал, големите партии сè уште немаат политичка волја и слух да ги прифатат овие промени, иако декларативно зборуваат за албанското општество како мултиетничко, мултикултурно и мутликонфесионално.

Сепак, како Македонци во Албанија, не се откажуваме од таа амбиција. Продолжуваме да ги користиме сите можности за учество на изборите, да осигураме – македонскиот глас повторно да се слуша во Собранието на Република Албанија.

Во мојот претходен мандат, чесно и посветено работев за Македонците и за сите граѓани на Округот Корча. Верувам дека единствениот начин да се избориме за подобри услови за живот, за интеграција на Македонската заедница во институциите на системот, е преку активна политичка борба. Само преку институциите можеме да издејствуваме промени и да ги подобриме условите за живот и работа!

Ја барам вашата поддршка – за повторно од говорницата на Собранието на Република Албанија да ги покренам сите прашања што нè засегаат како Македонци на целата територија на Република Албанија – во Мала Преспа, Голо Брдо, Гора, Врбник, Тирана, Корча, поголемите градови во Албанија. Поддршка барам од припадниците на сите национални малцинства во Округот Корча, да бидам нивниот глас, но и на секој граѓанин кој сака развој и напредок на нашиот регион.

Со новите измени во Изборниот законик, за првпат, ќе можете да гласате директно за моето име на гласачкото ливче!

За Преспа, за Округот Корча, за Македонците во Албанија! Вашата поддршка е наш заеднички успех! Гласајте за Васил Стерјовски за пратеник, гласајте за Вашиот глас во Собранието на Република Албанија!

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Курсна листа
Преглед на дневна курсна листа на НБРМ.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

СМК: Македонија не смее да разговара за идентитетските прашања со Бугарија

Општина Пустец доби донација од Јапонската амбасада

Богослужба за прочка во Копенхаген

Откажан Илинденскиот бал 2025 во Австралија

Меѓу двата пописа Општина Пустец со 43 отсто помал број жители

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Дијаспора и МНМ

Фетаху: Ние сме биле и сме горди Македонци!

Дијаспора и МНМ

СМК: Гласајте за Васил Стерјовски

Дијаспора и МНМ

Градоначалникот на Пустец и МАЕИ го честитаа Илинден

Дијаспора и МНМ

МД „Илинден” ќе учествува на Конгресот на ФУЕН што ќе се одржи во Хусум, Германија

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?