Просторот околу Манастирот „Св. Пантелејмон“ и Македонското етно село, кои треба да бидат симбол на македонската култура, традиција и духовност, веќе подолго време нуди сосема поинаква слика. Наместо уредена туристичка и културна целина, посетителите се соочуваат со шут и отпад расфрлан на повеќе локации.
Овој простор, замислен како место каде ќе се претстави најдоброто од Македонија пред домашните и странските гости, сè почесто станува пример за негрижа и неодговорност. Насобраниот отпад не само што ја нарушува естетиката, туку претставува и закана за животната средина и за угледот на локалитетот.
Граѓаните и посетителите реагираат дека ваквата состојба е недозволива, особено ако се има предвид значењето на манастирот и етно селото како туристички и културни обележја. Тие апелираат до надлежните институции итно да преземат мерки за расчистување и одржување на просторот.
Повеќе можете да погледнете на видеото во продолжение.

