СТОП ЗА ПАТАРИНИТЕ!!!
Изреволтиран од состојбата на патиштата пред некој ден, на ум сум да потегнам иницијатива за одржување на референдум со кој ке има измени на законот за јавни патишта и финансирањето на истите да биде наместо со патарини, со вињетки. Неможе една делница од 60 километри да има 4 патарини, работат само две на Водици кога пола Скопје е во Охрид, ограничувања од 80км на час, гужва има до бесвест, се плаќаат непотребно луѓе и ништо не функционира, лентите мКард и мТаг закрчени,а од Маврово до Скопје возев 3 часа. Вињетката е поефикасна, може да се вади на регистрација, годишна полугодишна, неделна дневна. Никој неможе да не плаќа затоа што новиот систем сејф сити може да детектира кој има а кој не залепена вињетка. Сите среќни и задоволни… Што мислите???

