– Тапан чука, мила мамо,
голем празник е, Илинден.
Кажи, кажи мила мамо,
која руба да облечам?
– Облечи си, мила ќерко,
бела свилена промена,
престегни си, мила ќерко,
твоја рамна половина.
Исчешлај си руса коса,
набели си бело лице,
па си оди, мила ќерко,
среде село на орото.
Да се фатиш, мила ќерко,
на орото до момите,
па да гледаат ергените
и да пукат душманите.