spot_img

Либан истрела 25 проектили кон Голанската висорамнина

Тел Авив, 14 април 2024 (МИА) – Во Голанската висорамнина утрово се огласија сирени за тревога бидејќи Либан истрела околу 25 проектили, соопштија израелските одбранбени...
spot_imgspot_img
ПочетнаМакедонска музикаКога падна на Пирина

Кога падна на Пирина

Кога падна на Пирина,
ранет Јане Сандански,
долетеа три сокола
и на Јане збореа:
– Ајде Јане со нас појди,
ние лек ќе најдеме.
Мајка Македонија
за таков јунак лек ќе најде.

Први сокол проговара:
– Ој ти Јане Сандански,
ајде Јане со нас појди,
горе в’ Пирин Планина.
Белким ти ќе оздравиш,
Македонија да ослободиш.

Втори сокол проговара:
– Ој ти Јане Сандански,
ајде Јане со нас дојди,
дур’ до белото море.
Белким ти ќе оздравиш,
Македонија да ослободиш.

Трети сокол проговара:
– Ој ти Јане Сандански,
ајде Јане со нас појди,
долу крај Вардара.
Белким ти ќе оздравиш,
Македонија да ослободиш.

– Ојте вие три сокола,
в’ срце луто сум ранет.
Остајте ме тук’ да умрам,
лек мене не лекува.
Македонија други ќе роди,
ќе ја ослободат.

Мајко Македонијо,
други да раѓаш
да те ослободат!

 

Придружете се на Вибер каналот на Македонија Денес. Притиснете ТУКА.
spot_img
spot_img