Казахстан е во шок поради трагичниот инцидент кој се случи за време на натпреварот во Втората лига помеѓу екипите на Хан-Тjaнгри и Екибастуз. Младиот фудбалер Диас Толеу, само 19-годишен, го загуби животот на теренот, оставувајќи зад себе длабока жалост во фудбалската заедница.
На 16 октомври 2025 година, во 64. минута од натпреварот, Диас се почувствува лошо и беше изнесен од теренот на носилки. Сè започна по еден судир, по кој се пожали на повреда. Неговите соиграчи се обидоа да му помогнат, но ситуацијата се влоши и беше повикана медицинска помош. Лекарите веднаш пристигнаа на теренот, но за жал, не успеаја да го спасат.
Според информациите, итната помош беше присутна на стадионот, а Диас веднаш доби прва медицинска помош пред да биде пренесен во болница. Сепак, неговата состојба беше критична и покрај напорите на медицинскиот тим, тој не успеа да преживее. Клубот Хан-Тjaнгри изрази длабоко сочувство до семејството, роднините и пријателите на Диас, истакнувајќи дека неговото сеќавање ќе остане засекогаш во нивните срца.

