spot_img

Приведен велешанец поради предизвикување пожар

Скопје, 21 јули 2024 (МИА) - Велешанец е приведен денеска под сомнение дека предизвикал пожар кај депонијата што се наоѓа на патот од село...
spot_imgspot_img
ПочетнаСпортФудбалМанчестер сити и Интер со најмногу играчи на ЕВРО2024

Манчестер сити и Интер со најмногу играчи на ЕВРО2024

Берлин, 11 јуни 2024 (МИА) – Најмногу играчи на претстојното Европско фудбалско првенство ќе имаат Манчестер Сити и Интер, по 13 фудбалери.
Од англискиот првак Манчестер Сити на ЕВРО2024 ќе настапат Фил Фоден, Џон Стоунс, Кајл Вокер (Англија), Рубен Диас, Бернардо Силва, Матеус Нунес (Португалија), Кевин Де Брујн, Џереми Доку (Белгија), Јошко Гвардиол, Матео Ковачиќ (Хрватска), Родри (Шпанија), Мануел Аканџи (Швајцарија) и Нејтан Аке (Холандија).
Италијанскиот шампион Интер на ЕВРО2024 ќе го претставуваат Николо Барела, Алесандро Бастони, Федерико Димарко, Давиде Фратези, Матео Дармијан (Италија), Бенџамин Павард, Маркус Турам (Франција), Хакан Чалханоглу (Турција), Дензел Дамфрис, Стефан де Фреј (Холандија), Кристијан Аслани (Албанија), Јан Зомер (Швајцарија) и Марко Арнаутовиќ (Австрија).
Реал Мадрид и ПСЖ ќе имаат по 12 играчи, Барселона, Баерн Минхен и Лајпциг по 11, Арсенал и Баер Леверкузен по 10 играчи, додека Ливерпул, Јувентус, Рома. и Славија Прага по девет фудбалри.

Од Емил Гашевски Извор МИА

Придружете се на Вибер каналот на Македонија Денес. Притиснете ТУКА.
spot_img
spot_img