Американскиот претседател Доналд Трамп повторно изрази интерес за стекнување на Гренланд, истакнувајќи дека САД ќе го добијат, без разлика дали тоа ќе се случи „по лесен или тежок пат“. Во текот на разговорот со новинарите, Трамп не откри конкретна сума која би ја понудил на Данска, но нагласи дека е отворен за преговори.
Трамп посочи дека безбедносните аспекти играат клучна улога во неговата одлука. „Ние мора да преземеме нешто во врска со Гренланд, без оглед на тоа што мислат Данците. Ако не го направиме тоа, Русија или Кина би можеле да го заземат, а тоа не е нешто што го сакаме“, изјави Трамп.
Тој истакна дека би претпочитал да постигне договор, но остави отворена можноста за поагресивен пристап. „Сакам да го решиме ова на мирен начин, но ако не успееме, ќе мораме да дејствуваме поинаку“, додаде тој.
Оваа изјава доаѓа во време на зголемени геополитички тензиции, а Трамп не пропушта да ја нагласи важноста на американската стратегија во Арктикот. Се чини дека неговата упорност во врска со Гренланд е дел од пошироката стратегија за зајакнување на американското влијание во регионот.

