Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Големиот корален гребен во Австралија е загрозен, температурата на морето највисока во последните 400 години
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Големиот корален гребен во Австралија е загрозен, температурата на морето највисока во последните 400 години
Свет

Големиот корален гребен во Австралија е загрозен, температурата на морето највисока во последните 400 години

08.08.2024
Share
SHARE

Канбера, 8 август 2024 (МИА) – Големиот корален гребен во Австралија, најголемиот во светот, е под закана откако температурата на околното Корално Море се зголеми во изминатата деценија и го достигна највисокото ниво во последните 400 години, покажува научната студија објавена денеска.

Група научници од универзитетите низ Австралија откриле дека температурите на океаните кои биле стабилни стотици години почнале да се зголемуваат од 1900 година досега како резултат на човечкото влијание

Студијата истакнува дека од 1960 до 2024 година, температурата на водата околу Големиот корален гребен се зголемувала за 0,12 степени Целзиусови секоја деценија.

На гребенот, веќе пет лета од 2016 година, делови од коралите побелуваат поради екстремно високите температури.

Еден од коавторите на студијата, професорот на Универзитетот во Мелбурн, Бенџамин Ханли, рече дека температурата на водата околу Големиот корален гребен забележа најголем пораст од јануари до март годинава, предупредувајќи дека гребенот е сериозно загрозен.

Коралните гребени ги штитат крајбрежјето од ерозија, дом се на илјадници видови риби и се важен извор на приход од туризмот за многу земји.

Најмалку 54 земји и региони пријавија масовно белење на коралните гребени од февруари 2023 година како резултат на затоплувањето на површинските води на океаните, соопшти Американската управа за океани и атмосфера.

Од Рената Пепељугоска/МИА

You Might Also Like

Панама во ОН го предупреди Трамп дека не треба да се заканува со употреба на сила

Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку

Макрон до Нетанјаху: Секое принудно префрлање на населението е воено злосторство

Правобранителот на Украина против мобилизација на 18-годишни момчиња

САД депортирале 61.680 Гватемалци во 2024 година

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?