Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Трамп сака да ги врати старите тушеви и светилки: Со новите не можам ни косата да ја измијам

Сподели

Вашингтон, 19 февруари 2025 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп сака да ги врати старите плочни шпорети, тушеви со силен млаз вода и класичните светилки, тврдејќи дека новите еколошки стандарди го отежнуваат секојдневниот живот.

„Давам налог веднаш да се вратат старите стандарди за вода и проток во мијалниците, тушевите, тоалетите, машините за перење алишта и садови“, објави Трамп на својата платформа Truth Social.

Тој веќе подолго време се жали на новите тушеви, тврдејќи дека тие ја намалуваат силата на водата. – Пуштате туш, а ако сте како мене, не можете добро да ја измиете вашата убава коса, изјави тој во 2020 година.

- Advertisement -

Во својот прв мандат, Трамп ги укина федералните регулативи што го ограничуваа протокот на вода, но неговиот наследник Џо Бајден повторно ги врати.

Покрај тушевите, Трамп остро ги критикува и LED светилките кои ги заменија традиционалните светилки со жичана жица. – Не сум суетен, но изгледам подобро под светлината на старите светилки. Овие новиве ме прават да изгледам портокалово, изјави тој во 2019 година.

Аналитичарите сметаат дека Трамп ја користи носталгијата како политичка алатка. Според политикологот Спенсер Гоидел од Универзитетот Оберн, луѓето имаат тенденција да го идеализираат минатото и да забораваат на недостатоците.

– Трамп ја разбира таа носталгија и знае како да ја искористи. Неговиот слоган ‘Да ја направиме Америка повторно голема’ се темели токму на тој концепт, вели Гоидел.

Иако LED светилките заштедуваат енергија и ја намалуваат емисијата на штетни гасови, а новите тушеви помагаат во зачувување на водата, Трамп останува тврд во својот став дека старите технологии биле подобри.

Неговата реторика покажува дека ова прашање повеќе се однесува на идеолошка и политичка битка отколку на вистинска загриженост за ефикасноста на апаратите.

Од Сања Костовска /МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за стареење
Калкулатор кој прикажува колку брзо старееш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Шокантна приказна за злоупотреба: Дадилката која ги прекрши сите граници

Клучни парламентарни избори во Чешка: Што да очекуваме?

Макрон: Русија сè поотворено се обидува да ја дестабилизира Молдавија

Скандал во Истра: Работник се качил на дигалка и истакнал албанско знаме – жителите бесни, полицијата интервенираше!

Дали БРИКС е новиот пат за Србија и Црна Гора?

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Русија го поздрави затворањето на УСАИД

Триесет и шест кинески воени авиони забележани околу Тајван

Свет

Само четири европски земји од НАТО издвојуваат повеќе од три отсто од БДП за одбраната

Свет

Околу 68 милиони Јужноафриканци погодени од сушата предизвикана од Ел Нињо

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?