Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Украина ги отфрли обвинувањата на словачкиот лидер Фицо за мешање во антивладините протести

03.02.2025 00:03
Сподели

Киев, 1 февруари 2025 (МИА) – Украинската воена разузнавачка служба ХУР денеска ги отфрли наводите за вмешаност во масовните протести во Словачка против владата на премиерот Роберт Фицо, јави ДПА.

ХУР на својот канал на Телеграм објави дека наводите на словачките власти се лажни, предупредувајќи притоа за „непријателската пропаганда“.

Фицо вчера рече дека има докази дека мрежи со врски со Украина се обидуваат да ја дестабилизираат Словачка и да ја соборат неговата влада.

Банер Банер BrandEcho

Тој обвини дека организаторите на последната серија масовни протести против владата во Братислава не биле тесно поврзани само со словачката опозиција, туку и со таканаречената Грузиска легија, волонтерска асоцијација на Грузијците кои се борат на страната на Украина против руската инвазија.

ХУР соопшти дека во нивните редови нема единица со името „Грузиска национална легија“, истовремено признавајќи дека во минатото имало контакт со Мамука Мамулашвили, кој во Словачка е осомничен дека стои зад протестите, пренесе германската агенција.

Мамулашвили ги отфрли обвинувањата како клевета за легијата што ја командува.

Во врска со Мамулашвили, ХУР рече: „Ова лице го раскина договорот со ХУР во Министерството за одбрана во април 2023 година и не го обнови“.

Меѓународната легија беше составена од војници од различни земји ангажирани на украинската страна, се додава во соопштението. „И, се разбира, не спроведува хибридни акции од каков било вид на територијата на државите на Европската унија“, се наведува во соопштението, додавајќи дека тоа ќе и наштети на Украина.

Од Сашко Димевски Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Поважни телефони
Телефонски броеви од државни и јавни институции.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Уругвајски претседател Орси ги зајакнува врски со Кина, игнорирајќи ги заканите на Трамп

Европа значително го зголеми увозот на оружје во изминатите четири години

Трамп именува нов шеф на кабинетот: Кој е Даниел Сквино?

УНИЦЕФ: Илјадници деца се жртви на сексуално насилство во источниот дел на ДР Конго

Германците велат “Не” на социјалните мрежи за младите под 16 години

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Трамп објави видео за тоа како ја замислува иднината на Газа

Свет

Фудбалер на Рокдејл Илинден меѓу убиените во терористичкиот напад во Сиднеј

Свет

Унгарија и Словачка ги блокираат санкциите на ЕУ против Грузија

Свет

Еврокомисијата најави такса од две евра за секоја мала поштенска пратка што влегува во ЕУ

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?