Полициски службеници од Полициското одделение Ростуше ја лишиле од слобода 45-годишна жена од селото Скудриње, општина Маврово и Ростуше, врз основа на судска потерница за издржување затворска казна.
Како што информираат од полицијата, лицето било барано по наредба од надлежен суд, со која ѝ била изречена казна затвор во траење од пет години и шест месеци, поради сторено кривично дело согласно член 190 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Акцијата била спроведена на 2 април во утринските часови, при што осудената била пронајдена и приведена во нејзиното родно место.
По лишувањето од слобода, таа била спроведена во казнено-поправна установа, каде ќе ја издржува изречената затворска казна.


