ПОЛИЦАЕЦ ПРИВЕДЕН ВО СКОПЈЕ: Возел во спротивна насока и се заканувал!

ФОТО: МВР

Полициски службеник од Министерството за внатрешни работи е приведен во Скопје по инцидент во сообраќај, откако бил затекнат во прекршок и агресивно се однесувал кон колега на терен.

Според информациите, станува збор за 45-годишно лице вработено во Секторот за општи и заеднички работи на МВР, кое било запрено на крстосницата меѓу улиците „Јордан Мијалков“ и „Димче Мирчев“.

Полициски службеник од СВР Скопје го запрел возачот, кој управувал патничко возило „мерцедес“, движејќи се во спротивна насока и претекнувајќи колона возила.

При проверката, лицето се легитимирало како вработен во МВР, но изјавило дека нема документ за идентификација. Во текот на постапката, почнал да се однесува агресивно и упатувал закани кон полицискиот службеник.

По инцидентот, лицето било приведено, а за случајот бил известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Против него се поднесени соодветни поднесоци за повеќе прекршоци, меѓу кои прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за јавен ред и мир и Законот за лична карта.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава