Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

УНИЦЕФ: Илјадници деца се жртви на сексуално насилство во источниот дел на ДР Конго

Сподели

Женева, 11 април 2025 (МИА) – Меѓународниот фонд за деца при Обединетите Нации за итни состојби (УНИЦЕФ) соопшти дека во првите два месеца од годинава регистрирани се речиси 10.000 случаи на силување и други форми на сексуално насилство во источниот дел на Демократска Република Конго, а една третина од жртвите се деца.

Портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер на прес-конференција во Женева изјави дека силувањето и другите форми на сексуално насилство се користат како алатки на војната. Слични случаи се случуваат во просек на секои 30 минути, а меѓу жртвите има и мали деца.

– Ние не зборуваме за изолирани случаи, ние зборуваме за систематичност … Ова е оружје, намерна тактика на терор, посочи Елдер.

- Advertisement -

Бунтовничката група М23 на почетокот од годината презеде офанзива во источниот дел на ДР Конго, во која загинаа илјадници луѓе, вклучително и деца, а стотици илјади луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.

ДР Конго ја обвинува Руанда за поддршка на М23, а Кигали негира. Но, Руанда има распоредено војници и ракетни системи во источниот дел на ДР Конго, како што тврди поради своја безбедност.

Движењето 23 март е една од околу стоте вооружени групи кои се борат во источниот дел на ДР Конго, регион богат со минерали. Бунтовничката група главно е составена од членови на етничката заедница Тутси. Конфликтот во источниот дел на ДР Конго трае повеќе децении за земјиште и ресурси. Во земјата пред повеќе од две децении распоредени се мировни сили на ОН, а во моментот имаат околу 14.000 војници.

Од Марина Илиевска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Македонски филмови
Гледајте македонски филмови на едно место.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Туск: Полска нема да прифати испраќање илегални мигранти на нејзина територија

Путин создава “Источен НАТО” – Западот во паника, Кина може да биде клучот!

Ураганот Милтон во Флорида усмрти најмалку 14 луѓе

Путин и Мадуро најавија продлабочување на соработката меѓу Русија и Венецуела

Во Сараево десет луѓе со симптоми на лептоспироза побарале лекарска помош

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Балкан

СНС бара одржување на нови избори за градот Белград

Во Украина месечно се регрутираат околу 6.500 доброволци, соопшти Министерството за одбрана

Балкан

Две просечни плати не можат да обезбедат основни потреби во Црна Гора

Балкан

Вучиќ ги претстави барањата на Србија во врска со Косово

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?