Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Религија

Вартоломеј: Се надевам дека новиот папа ќе го продолжи, ќе го промовира и ќе го негува дијалогот меѓу Истокот и Западот

ФОТО: bigorski.org.mk
Сподели

Атина, 9 мај 2025 (МИА) – Надеж дека со новиот папа Лав Четиринаесетти ќе продолжи и соработката и дијалогот, изрази вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој говореше на настан во Атина организиран во негова чест, што се одржа синоќа, кусо откако излезе белиот час од Сикстинската капела, со што се осврна и на изборот на новиот папа, јави дописничката на МИА од Атина.

– Се сеќавам од она што го научив во Рим дека Лав Тринаесетти бил познат по своето социјално учење и општествениот придонес. Се надеваме дека Лав Четиринаесетти ќе се поклони пред придонесот на црквата во светот, не само од општествена перспектива, туку со неговата улога и неговите дела, новиот брат, епископот од Рим дека ќе понуди одговор на егзистенцијалните проблеми, кои и денес продолжуваат да го загрижуваат човештвото, посочи Вартоломеј.

Додаде дека новиот папа „потекнува од голема земја што е симбол на демократијата“ и изрази надеж дека во својата црква и низ целиот свет ќе ги всади „универзалните идеали за слобода, еднаквост, правда и солидарност“, но и да помогне во запирањето на војните во Украина и на Блискиот Исток и да се избегне разгорување на конфликтот меѓу Индија и Пакистан, а луѓето да живеат во мир.

- Advertisement -

– Се надевам дека ќе започнеме нова страница и нова ера во нашите билатерални односи и во односите Исток-Запад, истакна Вартоломеј.

Патријархот рече дека има намера да присуствува на устоличувањето на новиот папа и со него да разговара за продолжување на соработката, но и да го покани да дојде на Собирот во Никеја (Турција) и да ја посети Вселенската патријаршија.

– Сега се надеваме дека (новиот папа) ќе сака, меѓу другото, да го промовира и негува дијалогот и пристапот меѓу Истокот и Западот. Имам намера да одам на неговото устоличување во следните денови и ќе имам можност да му предложам некои работи, секако да дојде во Никеја и да ја комбинира својата посета на Никеја со официјална посета на Вселенската патријаршија на нашиот престолен празник на Свети Андреј на 30 ноември, рече вселенскиот патријарх.

Во говорот опширно се осврна на развојот на односите меѓу православието и католицизмот, истакнувајќи го напредокот постигнат во последните децении, а се задржа на делото на папата Франциск, со кој, како што рече се обиделе „во целосна хармонија и меѓусебно разбирање“ да го продолжат дијалогот.

Истакна дека се сретнале над десет пати, а детално се задржа на средба во Ерусалим.

– На мој предлог направивме поклонение во Ерусалим за да ја прославиме 50-годишнината од историската средба на нашите претходници, Атенагора и Павле Шести, што навистина беше историска средба на Истокот и Западот, по векови пред гробот на Исус. Двајцата клекнавме пред гробот и се помоливме за повторно обединување на нашите цркви и за целото човештво. Беш скромен човек, едноставен, со хумор, нагласи Вартоломеј.

Од Сања Ристовска, Грција Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за регистрација
Калкулатор за регистрација на возило
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Бигорскиот манастир го одбележа празникот Преображение Господово

Востоличен Митрополитот Крушевски и Демирхисарски г. Јован

Соопштение за празникот Успение на Пресвета Богородица

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во посета на Бигорски манастир

Честитка од архиепископот Стефан до новоизбраниот бугарски патријарх Даниил

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Религија

Зошто се слави Василица – традиции и обичаи

Религија

Денеска се празнуваат Светиот цар Константин и Светата царица Елена

Религија

Денес православните верници го празнуваат Св. Архангел Михаил – заштитникот, војводата на небесните сили и еден од најчестите семејни празници

Религија

Нова книга во издание на манастирот Трескавец

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?