На вчерашните избори за градоначалник на Општина Карпош и Општина Аеродром беше забележан рекорден број на неважечки ливчиња.
Во Општина Аеродром, Дејан Митески победи со 58,36% од гласовите освојуваќи 18.019 гласови. Александар Трајановски освои 31,12% или 9.608 гласови. 10,51% или во апсолутна бројка 3.246 се неважечки што претставува рекорд кога е во прашање избор на градоначалник на некоја од 80-те општини ширум Републиката.
Во Општина Карпош. од вкупни 28.661 избирачи кои вчера го искористија своето избирачко право, 2.823 ливчиња се забележани како неважечки. Тоа претставува 9,85% од вкупниот број на гласови. Интересно е што за избор на градоначалник на Град Скопје во сите избирачки места на територија на Општина Карпош беа забележани 1.913 неважечки гласачки ливчиња.
Во првиот круг во Општина Карпош беа забележани 1.460 неважечки гласови и тоа во услови од поголема излезеност за околу 1%.
Во Општина Центар беа забележани 1.888 неважечки ливчиња за избор на градоначалник на Општина Центар додека пак за избор на градоначалник на Град Скопје во оваа општина беа забележани 2.204.


