Предупредување за лажни веб-страници кои продаваат фиктивни половни возила

Германскиот производител Audi алармира на појава на интернет измами поврзани со продажба на половни возила преку лажни веб-портали и каталози. Измамата моментално се шири во Германија, Австрија и Швајцарија, каде измамници нудат возила по невообичаено ниски цени за да привлечат потенцијални купувачи.

Според информациите објавени од „Revija HAK“, измамниците користат лажни е-пошти, телефонски броеви и банкарски податоци, а дури и фотографии од вистински вработени во Audi партнери за продажба, со цел да изгледаат убедливо. Целта им е да изнудат пари за непостоечки возила.

Од Audi апелираат граѓаните да бидат внимателни при купување на половни возила и да не вршат уплати без претходна верификација на продавачот. Компанијата веќе поднела кривична пријава и активно соработува со локалните власти во истрагата.

Сите кои сметаат дека можеби се жртва на измама се повикани веднаш да пријават кај надлежните полициски органи.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава