Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Во Турција протести поради притворањето на градоначалникот на Истанбул

20.03.2025 09:12
ФОТО: ankara.gov.tr
Сподели

Анкара, 20 март 2025 (МИА) – Илјадници студенти синоќа се собраа во кампусот на Универзитетот во Истанбул поради притворањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу и покрај четиридневна забрана за јавни собири и протести до 23 март, со цел да се „одржи јавниот ред и да се спречат потенцијални провокации“.

Протестите уследија по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу и други високи членови на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП).

На Имамоглу му е одреден притвор во истрага за корупција. Обвиненијата против Имамоглу вклучуваат сомнение за членство во криминална организација, изнуда, поткуп, измама, местење тендери и помагање на забранетата терористичка група Курдска работничка партија (ПКК).

Банер Банер BrandEcho

Дел од студентите во Истанбул се судрија со интервентната полиција, а голем дел од нив маршираа до Општината, додека главниот турски синдикат ги повика членовите да излезат пред полициската станица, каде е притворен Имамоглу.

И на протестите во Анкара имаше судири со полицијата, а приведени се демонстранти.

Ad image

Одлуката за негово приведување доаѓа откако Универзитетот во Истанбул објави дека ја поништува неговата диплома поради наводни неправилности. Овој потег, кој се случува само неколку дена пред ЦХП да го избере за свој кандидат на следните претседателски избори, претставува сериозен удар за опозицијата. Според турските закони, без валидна факултетска диплома, Имамоглу не може да се кандидира за претседател.

Имамоглу оцени дека одлуката на Универзитетот е незаконска и дека ќе ја оспори на суд.

Според соопштението на Главното државно обвинителство, истрагата против Имамоглу е поврзана со наводни незаконски тендери и случаи на поткуп.

Имамоглу, кој во 2019 година беше избран за градоначалник на Истанбул, е еден од најголемите политички ривали на актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Следните претседателски избори се планирани за 2028 година.

Од Марина Илиевска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Курсна листа
Преглед на дневна курсна листа на НБРМ.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Австралија во пламен: Рекордни температури предизвикуваат хаос

Германија предупредува: Русија не покажува интерес за мир

Телото на Хасан Насрала е пронајдено, соопштија лекар и припадник на безбедносните сили

Американското Министерство за здравство ќе подели 10.000 откази

Владата под притисок: Пабовите во Велика Британија забрануваат влез на лабуристички пратеници!

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Бела куќа: САД обезбедија ослободување на 135 политички затвореници во Никарагва

Свет

Јужен Судан на раб на граѓанска војна, Германија ја затвора амбасадата

Свет

Кина без милост: Екс-министер за земјоделство доби смртна казна за поткуп и злоупотреби

Свет

Пронајдени остатоците од авионот што се урна во Алјаска, сите 10 лица загинаа

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?