Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Вселенскиот Патријарх: „Младите да создаваат духовна интелигенција“
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Вселенскиот Патријарх: „Младите да создаваат духовна интелигенција“
Религија

Вселенскиот Патријарх: „Младите да создаваат духовна интелигенција“

12.02.2025
Share
ФОТО: bigorski.org.mk
SHARE

Како што вештачката интелигенција (ВИ) сè повеќе станува составен дел од нашиот секојдневен живот, сè поитна станува и потребата од спречување на нејзината злоупотреба. Во неколку неодамнешни јавни обраќања, Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, говореше за етичките прашања поврзани со ВИ, при што даде многу потребна мудрост за ова ново и сè уште недоволно истражено поле на човечката дејност.

Неговата Сесветост неодамна свечено го отвори Четвртиот меѓународен еколошки конгрес за благосостојба, под наслов „Вештачката интелигенција, техноетиката и младите“, кој се одржа во училиштето Мараслио во Атина. Во своето обраќање, тој ги потсети присутните на конгресот дека „православното предание претставува неисцрпен извор на суштински начела и вистини за човештвото и светот“.

Неговата Сесветост понатаму објасни: „Се разбира, забележителните теолошки текстови не содржат однапред подготвени одговори за современите проблеми. Наместо тоа, тие бараат изучување и сериозен теолошки труд, за да се формулира предлогот за животот, слободата и универзалните вредности на Православието. Поради тоа, нè радува што теологијата се зафаќа со темата на ‘вештачката интелигенција’.“

Вселенскиот Патријарх, исто така, зборуваше за конфликтот што некои го гледаат помеѓу верата и науката, нагласувајќи дека новите научни иновации мора да се користат на етички начин. „Во светлината на извонредните достигнувања во науката и технологијата,“ рече тој, „ја потврдуваме нашата увереност дека овие достигнувања, кога се користат одговорно и етички, можат да придонесат за вистински напредок, без да ги загрозат основните морални и духовни начела и вредности. Ние не го сметаме конфликтот помеѓу верата и науката за неизбежен“.

Говорејќи за вештачката интелигенција, Неговата Сесветост ги потсети присутните дека „вашиот конгрес – нашиот конгрес – е посветен и на младите, чиишто животи неизбежно ќе се развиваат во средина обликувана од динамичната интеграција на вештачката интелигенција во нашиот секојдневен живот“. Тој додаде

„Очигледно е дека новото поколение ниту е технофобично, ниту е рамнодушно кон новите технологии, бидејќи тие се составен дел од неговиот живот. Црквата, додека застапува одговорна употреба на вештачката интелигенција, ги охрабрува младите да ја развиваат ’духовната интелигенција‘ преку истражување и прифаќање на непроценливите духовни и културни богатства на нашето православно предание.

Ова се усогласува со повикот што им го упати Светиот и Велик Собор на Крит во својата Порака:

’Православната Црква им се обраќа на младите луѓе, кои бараат живот исполнет со слобода, правда, креативност и љубов. Таа ги повикува свесно да се поврзат со Црквата на Христа, Кој е Вистината и Животот, и активно да учествуваат во црковното тело, внесувајќи ја својата енергија, грижи, стремежи и очекувања. Младите не се само иднината на Црквата; тие се нејзиното динамично и творечко присуство, и на локално и на глобално ниво‘ (§ 11)“.

Потоа, во своето обраќање пред Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур, Франција, Вселенскиот Патријарх Вартоломеј повторно го нагласи императивот за почитување на етичките граници при употребата на вештачката интелигенција.

„Гледајќи го Рамковниот договор за вештачка интелигенција на Советот на Европа“, изјави Неговата Сесветост, „Вселенската Патријаршија забележува значителен напредок во справувањето со клучните етички и социјални прашања што ги поставува оваа брзорастечка технологија“. Тој го истакна фактот дека „вештачката интелигенција има огромен потенцијал за позитивна трансформација во заштитата на животната средина, образованието и здравството, нудејќи иновативни решенија за значајни човечки проблеми. Во исто време, од нарушувања на приватноста до зголемување на нееднаквостите и можни компромиси на институциите, оваа голема алатка носи и вродени ризици“.

Следствено, Неговата Сесветост изјави дека „спроведувањето на вештачката интелигенција бара почитување на достоинството на поединецот, заштита на основните слободи и унапредување на социјалната правда“. Тој додаде дека „во овој контекст, православното христијанско предание би го нагласило моралното расудување и насочување заедно со научните истражувања и развој“.

Понатаму, тој изјави дека „Вселенската Патријаршија ги повикува сите народи да учествуваат во овој значаен проект, со цел да се поддржи и обликува технолошкиот развој на начин што ќе ги задоволи универзалните потреби на човештвото, вклучително и заштитата на човековите права и верската слобода за оние што се соочуваат со прогон и неправда, особено за верските малцинства, кои историски биле изложени на дискриминација“.

Вселенскиот Патријарх, исто така, истакна дека залогот е исклучително висок. „Можеме да направиме разлика во светот,“ заклучи тој. „Можеме да донесеме поголемо исцеление на неговите народи. Можеме да внесеме обновена надеж, доколку сите – и политичките и верските лидери – работиме заедно кон заедничка цел: а тоа е да оставиме подобар свет за нашите деца од оној што го наследивме или создадовме. Свет во кој конфликтот и војната не се начините за решавање на споровите и поделбите; во кој сите религии и сите раси се подеднакво и недискриминаторски почитувани; во кој луѓето имаат доволно љубов како мајчин јазик на целото човештво; и во кој разновидноста на природата е заштитена“.

Доколку творците на технологијата за вештачка интелигенција ги имаат овие вечни вистини постојано на ум, ризиците од ВИ значително ќе се намалат, а можеби дури и целосно ќе се искоренат.

ИЗВОР: bigorski.org.mk

You Might Also Like

Денес е Прочка – какво значење има денешниот ден?

Покана за празникот Собор на Светиот Архангел Гавриил

Порака на Реисул Улема Х. Хфз. Шаќир Еф. Фетаи во пресрет на месецот Рамазан

Честитка од архиепископот Стефан до новоизбраниот бугарски патријарх Даниил

Папа Франциск: Радувајте се и не губете надеж и покрај кризите

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?