Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Дијаспора и МНМ

Започна реконструкцијата на македонските цркви во областа Голо Брдо

Сподели

18 декември 2024 година, Тирана, Албанија – По барањето на Македонско друштво “Илинден” од Тирана почна рекострукција и реставрација на црквите во Ербеле и Горно Крчишта во областа Голо Брдо.

Албанскиот национален институт за културно наследство на Албанија, објави дека почнала реконструкција, реставрација и расчистување на просторот кај неколку верски објекти, меѓу кои и црквите „Свето Преображение“ во село Ербеле и „Свети Спас“ во село Горно Крчишта, населени со Македонци.

– Во округот Пешкопеа (Долни Дебар) во тек е реализација на реставраторски проекти на објекти од особено значење за зачувување и промоција на нашето културно наследство. Го заштитуваме културното наследство, ја зголемуваме туристичката привлечност и придонесуваме за одржлив развој на регионот, – стои во објавата на Институтот.

- Advertisement -

Црквата „Свето Преображение“, која датира од 12 век е во селото Ербеле, област Поле или Долни Дебар, во близина на македонската граница кај Дебар. Од 1970 година е прогласена за споменик на културата.

Некогаш во селото имало многу македонски семејства, но се иселиле, па денес, се само две кои постојано живеат тука и се грижат за црквата. По традиција, Македонците по потекло од Ербеле кои денес живеат во Тирана, Драч, Елбасан, Маќелара, Тетово, Скопје и други градови, како и оние малкуте од неколку села во областа, одржуваат Македонска средба по повод големиот христијански празник, Преображение – патрон на селската црква.

Црквата „Свети Спас“ во селото Горно Крчишта е изградена во 1232 година и е споменик на културата, која за време на режимот на Енвер Хоџа била претворена во магацин. На 13 јуни 2009 година беше преосветена, а одредени неопходни градежни активности се реализирани со помош на Македонци, поранешни жители на Крчишта, од фамилијата Радевски и Дуковски.

Поранешните жители и нивните потомци одржуваат традиционална Македонска средба по повод празник Вознесение Христово-Спасовден, патрон на црквата, на која богослужба години на ред одржува Ристо Камбуроски свештеник во Кичево, но по потекло од Крчишта.

Барање за реставрација и заштита на црквите до Институтот, во 2019 година достави Македонското друштво “Илинден” од Тирана.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за стареење
Калкулатор кој прикажува колку брзо старееш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Шведска: Повик за упис во забавиште на македонски јазик

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја осудува бугарската провокација за непостоење на македонскиот јазик и македонски идентитет

Мрак и цензура: Грчка пратеничка за скандалот со забраната на македонската песна во Лерин

Бројките за македонското национално малцинство се манипулирани и претставуваат груб пописен фалсификат!

Фетаху: Ние сме биле и сме горди Македонци!

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Дијаспора и МНМ

Интервју со најстариот Македонец во Австралија

Дијаспора и МНМ

СМК: Полот и родот се биологија, а не идеологија!

Дијаспора и МНМ

Македонците во Финска ќе ја прослават Василица со традиционална вечер во Еспоо

Дијаспора и МНМ

МД „Илинден“-Тирана го поздрави приемот на МАЕИ во ЕФА

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?