Шведска: Повик за упис во забавиште на македонски јазик

Македонската заедница во Шведска објави повик за упис на деца за забавиште на македонски јазик.

„Нашата библиотека и оваа есен ги отвора вратите за сите дечиња од 4 до 6 години кои сакаат да се дружат, учат, забавуваат и зборуваат на македонски јазик.“ стои во повикот.

Наставата ќе се изведува во среда, од 17:30 до 18:30 часот, и ќе биде бесплатна. За да започнеме со работа потребно е да се запишат најмалку осум дечиња кој редовно ќе доаѓаат на часовите.
Сподели ја оваа објава